
Колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе Турбаj застрелан во Богота
Колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе Турбаj (39) бил застрелан три пати, наводно двапати во главата, за време на кампањата во главниот град Богота, објавија локалните медиуми.
Полицијата уапсила 15-годишен осомничен на лице место, објави Би-Би-Си.
Урибе бил нападнат додека се обраќал пред мала група луѓе во парк во саботата.