Колумбија уапси 52 лица поврзани со меѓународна трговија со дрога
Колумбиските власти во голема операција уапсија 52 лица поврзани со меѓународна трговија со дрога, пренесе АФП, повикувајќи се на вчерашното соопштение на Министерството за одбрана на Колумбија.
Во рамките на операцијата, Колумбија користела помош од повеќе земји, меѓу кои САД, Франција и Шпанија.
Меѓу уапсените има и 34 лица за кои се издадени наредби за екстрадиција.
На операцијата, која траеше два месеци, и претходеше двегодишна истрага. Колумбиските власти успеаја да запленат четири тони кокаин во вредност од 134 милиони долари.
Меѓу уапсените има лица поврзани со мексикански криминални организации, како и словачки државјанин кој бил вмешан во трговија со дрога во Словачка, Чешка и Германија.