
Колони возила на Стража, сообраќајот во застој поради попречено возило
На превојот „Стража“ во моментов сообраќајот е во голем застој заради попречено возило на патот кај „Тајмишка раскрсница“.
На видеата кои граѓани ги објавуваат на социјалните мрежи од превојот Стража се гледа дека патот е завеан во снег и возилата тешко се движат по него.
Поради снежни наноси, отежнато се одвива сообраќајот и меѓу Ресен и Битола.