
Коло Муани го однесе Ајнтрахт во полуфинале на германскиот Куп (ВИДЕО)
Коло Муани, кој беше трагичар на СП во Катар во финалето со промашениот зицер за светска титула на „триколорите“ погоди во 11-та, па во 13-та минута од мечот и тие два гола на крај решија сѐ, после две асистенции на Марио Гетце, па берлинскиот тим кој е најпријатно изненадување сезонава во Бундеслигата немаше ни шанса да се врати.
Ајнтрахт доминираше во сите параметри, ВАР им поништи уште еден гол, а Рафаел Боре погоди и пречка уште во првиот дел, кога противникот можеше да доживее и тотална катастрофа.
Ајнтрахт е петкратен освојувач на германскиот Куп, а последен пат го кренаа трофејот во 2018 година.
Вечерва се игра вториот четвртфинален меч во оваа фаза во германскиот Куп, а Баерн Минхен го пречекува Фрајбург.

