Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Колку заработија во ноември? Скопските хотели секојдневно примале 890 странски туристи!
Економија

Колку заработија во ноември? Скопските хотели секојдневно примале 890 странски туристи!

22/01/2024

AA

Над 26.700 странци во ноември биле туристи во Скопје! Речиси 80% од сите странски туристи во ноември престојувале во наши хотели со 4 или 5 ѕвездички. Секој трети странец што ја посетил Македонија во ноември дошол од Турција. А бројот на странски туристи овој ноември пораснал за 25%… Евала! Нека каже после некој дека ноември бил – тапа во туристичка смисла

Ноември, на прва, не важи за најатрактивниот месец за странски туристи во Скопје. Дури по кратко размислување и споредба на аргументација про и контра би го вклучиле некаде на дното на листата според атрактивноста. Но сепак фактите на Државниот завод за статистика покажуваат дека не е така.

Македонскиот главен град во ноември 2023 година просечно дневно го посетувале 890 странски туристи односно вкупно во тој месец скопските хотели и мотели примиле 26.716 туристи од регионот и од светот кои оствариле 50.346 ноќевања, покажуваат официјалните податоци на Државниот завод за статистика, објавени деновиве,а достапни на овој линк https://www.stat.gov.mk/pdf/2024/8.1.24.01_mk.pdf

Верувале или не Скопје и неговата туристичка, гастрономска, културно-забавна и бизнис понуда во ноември лани ја конзумирале речиси 60 отсто од сите странци кои во тој месец ја посетиле Македонија.

Во ноември лани бројот на странски туристи во Македонија изнесувал вкупно 45.494 лица. Тоа е за 25 отсто повеќе туристи странци во споредба со ноември 2022 година. 

Дури 90 отсто од странските туристи преспале во хотели со 5 и 4 ѕвездички!

Во ноември дури 40 отсто од сите странски туристи ноќевале во македонски хотели кои имаат категоризација на луксузни односно имаат 5 ѕвездички. Во овој месец овие хотели примиле 18.651 гостин. Тие оствариле нешто повеќе од 31.000 ноќевања и тоа е 37 отсто од сите пријавени ноќевања на туристи во ноември.

За нијансна поголем е бројот на гости кои користеле услуги македонските хотели со 4 ѕвездички и нив ги имало вкупно 20.849 странци. Реализирале 40.891 ноќевање.

Вкупниот број на ноќевања во хотели од највисоките две наши категории во ноември е речиси 83.000. Ако се знае дека просечна цена по ноќевање за таа категорија не е под 100 евра девизниот прилив од гостите само по основ на ноќевање може да биде поголем од 5 милиони евра.

Секој трет странски турист во ноември бил од Турција!

Официјалните податоци на ДЗС покажуваат дека Македонија е во фокус на туристите од Турција. Само во ноември од таа голема држава во нашиот регион дошле 13.162 туристи. Тоа е 29 отсто од сите странски туристи кои ја посетиле Македонија во претпоследниот месец во 2023 година. Тие реализирале 19.492 ноќевања што укажува на тоа дека најчесто односно најголем број од нив доаѓале на престој со едно ноќевање. Втори најбројни гости биле тие од соседна Србија кои во просек се задржувале со две ноќевања. Од северната соседна земја во ноември лани дошле 3.673 гости. За нијанса помал е бројот на грчки гости. Во ноември 3.612 Грци ја посетиле Македонија и тука реализирале 5.513 ноќевања. 

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy