Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Колку вреди брендот „Стоби флипс“? Извозот на „Витаминка“ порасна 13 отсто,  достигна 11,6 милиони евра!
Економија

Колку вреди брендот „Стоби флипс“? Извозот на „Витаминка“ порасна 13 отсто, достигна 11,6 милиони евра!

19/08/2024

AA

Добри вести
од „Витаминка“ во првото полугодие годинава. Најголемата прилепска компанија ја
одржува својата пазарна позиција на домашниот пазар во острата па дури и
нелојална конкуренција од конкурентните компании од регионот. Најзначајни
потези на менаџментот во првото полугодие се зголемениот извоз во комбинација
со оптимизација на оперативните трошоци. Клучен предизвик на најголемата
прилепска компанија остануваат да бидат финансиските расходи (камати, курсни
разлики и слично) затоа што за нив „Витаминка“ за шест месеци плати речиси
615.000 евра и токму овој трошок ја преполови добивката, која и во такви услови
е многу подобра од лани

Најголемата македонска прехранбено-кондиторска индустрија
„Витаминка“ за половина година оствари 27,6 милиони евра приход од продажба. Од
тоа извоз е 11,6 милиони евра или 13 отсто
повеќе од истиот период лани, информација која сигурно ќе ги охрабри и израдува
бројките акционери на најголемата прилепска компанија со доминантен домашен
капитал.

Официјалните податоци од единечниот финансиски извештај
покажуваат дека нашата извозна гордост „Витаминка“ во првото полугодие
благодарејќи на оптимизацијата на трошоците во комбинација со солиден
раст на извозот 
успеала за повеќе од двојно да ја зголеми
својата добивка.

Колку е популарна „Витаминка“ на домашниот пазар говори
податокот што за нејзините флипс „смоки“, грисини и тортици граѓаните
платиле 16 милиони евра. 
А при тоа мора да е истакне дека на пазарот
на смоки, грисини, тортици и слатки конкуренцијата е многу силна, но на моменти
и нелојална затоа што големи производители од соседството и од регионот имаат
бројни извозни субвенции од нивните влади.

Годинава во споредба со првото полугодие лани „Витаминка“
успеала својата продажба да ја зголеми за 3 отсто односно преведно во пари
за 887.000 евра приход.

Колку
потроши „Витаминка“ за своето шестмесечно производство?

Во првите шест месеци вкупните трошоци за производство на
„Витаминка“ изнесуваат 25,67 милиони евра и се пониски за 215.000 евра од
истиот период лани. Најголема заштеда има кај најголемата ставка, а тоа се
трошоците за суровини и материјали и таа изнесува 1,09 милиони евра.

Исто така компанијата заштедила многу средства на набавка
на трговски стоки. На нив потрошила само 110.000 евра што е 71 отсто помалку од
лани.

Но затоа пак компанијата значајно ги зголемила своите
трошоци за вработените. На нив за првите шест месеци потрошила 4,56 милиони
евра односно 25 отсто повеќе од истиот период лани.

Оперативната добивка, од анулирање на сите трошоци,
изнесува 943.000 евра и е за 42 отсто повисока од претходната година.

Кој е
најголемиот предвизвик на „Витаминка“?

Очигледно дека финансиските расходи остануваат да бидат
најголем предизвик на прилепската компанија. Тие негативно влијаат на нејзината
добивка. За првите шест месеци за камати, курсни разлики и слични расходи
„Витаминка“ платила 614.600 евра или 15 отсто повеќе од
лани.Во услови кога финансиските приходи се 111.000 евра финансиските расходи
ја намалија добивката на компанијата за 513.600 евра.

На крајот на јуни добивката по оданочување изнесува
395.200 евра и е неспоредливо подобра од лани кога изнесувала 165.000 евра.

Р. Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СКОПЈАНКА ПОСРЕДУВАЛА ПРИ ПРОСТИТУЦИЈА Тетовец ѝ давал на располагање простории

16/02/2026
Македонија

Исчезнат е Виктор од Прилеп, доколку имате информации пријавете!

16/02/2026
Македонија

НЕВРЕМЕТО НЕ СТИВНУВА Најкритично во Форино и во Кичево, службите

16/02/2026
Македонија

ДОЛГОТРАЈНИТЕ СУДЕЊА СЕ САМО ЗА ПОГРЕБУВАЊЕ НА ВИСТИНАТА Имаме болна

16/02/2026
Македонија

КОЈ ВОЗИ БЕЗ ДОЗВОЛА, КОЈ ПИЕ КОГА ВОЗИ, КОЈ КРШИ

15/02/2026
Македонија

ОХРИДСКА „СВ. СОФИЈА“ ПРЕМИНА ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ПОГЛАВАРОТ СТЕФАН Тој

15/02/2026
Македонија

НЕГРИЖАТА ОД МИНАТОТО ИЗБИ ДЕНЕС Сајкоски порача дека Кичево нема

15/02/2026
Македонија

🎥 НАЈТЕШКА Е СОСТОЈБАТА ВО КИЧЕВО Евакуирани се стари и

15/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41506
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СКОПЈАНКА ПОСРЕДУВАЛА ПРИ ПРОСТИТУЦИЈА Тетовец ѝ давал на располагање простории

16/02/2026

Две лица добија кривични пријави за „посредување во вршење проституција“ и „помагање“, соопшти МВР. СВР Тетово поднесе кривична пријава против

Исчезнат е Виктор од Прилеп, доколку имате информации пријавете!

16/02/2026

Исчезнат е Виктор Илиоски од Прилеп. Неговата мајка Роза Илиоска на социјалните мрежи упати апел за помош за пронаоѓање на

НЕВРЕМЕТО НЕ СТИВНУВА Најкритично во Форино и во Кичево, службите на терен цела ноќ

16/02/2026

Обилните врнежи од дожд што ја зафатија државата во текот на ноќта предизвикаа поплави во повеќе региони, а најтешка е

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy