Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Колку точно пари СЕ ПОТРОШЕНИ на автопатот Кичево – Охрид?
Економија

Колку точно пари СЕ ПОТРОШЕНИ на автопатот Кичево – Охрид?

09/11/2023

AA

Досега е потрошено цело богатство за автопатот Кичево – Охрид од 56,7 километри, финансирано од кинеската „Ексим Банка“. Новиот извештај за работата на ЈП „Државни патишта“ во 2022 кој по одобрение од Владата e објавen деновиве, покажува дека до крајот на минатата година веќе биле потрошени околу 450 милиони евра.

„Вкупно реализирано 447.383.985 евра (заклучно со 62-та ситуација), што изнесува 66 отсто во однос на 598.074.670 евра“, запишано е во отчетот на јавното претпријатие.

До 1 јули за оваа година за реализација на автопатската делница Кичево – Охрид финансирана од кинеската Ексим Банка потрошени се 1,006 милијарди денари, или само 16,36 милиони евра, стои дополнително во полугодишниот извештај на ЈПДП за првата половина од 2023. Ако се сумира вкупно, реализацијата се движи кон 500 милиони евра, а до крајот на годината треба да биде појасно дали работата ќе продолжи со истиот изведувач и финансиер.

Владата ќе ја чека ревизијата на експертите од Меѓународната федерација на инженери  консултанти , која се очекува да покаже во која насока треба да продолжи изградбата на автопатот  Потоа ќе се знае дали Синохидро ќе го напушти градилиштето или пратениците по четврти пат ќе го продолжат договорт со  кинеската компанија кој завршува на крајот од годината. Ќе биде ангажиран и ФИДИК експерт кој ќе даде мислење во кој правец треба да продолжи државата за завршување на овој проект. 

„Државни патишта“ во отчетот за проблемите што се евидентирани низ текот на минатата година забележува дека се проектирани вкупно 67 нови косини со дополнителни експропријации. Имало нови проекти за осум девијации, нов проект за одлагалиште, вонпарнични постапки за експропријација пред судовите во Кичево и Охрид и апелационите во Гостивар и Битола.

Само минатата година биле потрошени 2.9 милијарди денари со странскиот кредит од Ексим Банка за Кичево – Охрид. Тоа во евра се 47,6 милиони потрошени во 2022. Според тоа, може да се каже дека имало подобра динамика на работа, затоа што потрошената сума е за 268 проценти поголема од една година претходно.

До крајот на 2022 кон кредиторот биле вратени вкупно само 77,65 милиони долари од долгот, но треба да се знае дека отплатата, според договорот, започна во 2019. Договорот беше потпишан во ноември 2013, а изградбата започна во мај 2014. Околу 90 отсто од парите за проектот треба да се обезбедени со заем од Ексим Банка, а 10 отсто треба да исплати „Државни патишта“.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вчера рече дека компанијата има се уште рок за работа до 31 декември. Наведе дека „Синохидро“ во изминатиот период биле во координирана комуникација со Министерството, Јавното претпријатие за државни патишта и со сите подизведувачи „во насока на решавање и расчистување на сите прашања, коишто се отварале во текот на изградбата“. 

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy