
КОЛКУ СРБИ БИ ВЛЕГЛЕ ВО ВОЈНА ЗА КОСОВО?: Резултатите ќе ве изненадат!
Истражувањето на Демостат спроведено во Србија од 24 април до 4 мај, а во кое учествувале 1.600 испитаници, покажува дека мнозинството граѓани на Србија се против каков било конфликт на Косово. Истражувањето е спроведено пред последните инциденти.
Според истражувањето, 11 отсто од анкетираните би се бореле за Косово, додека 65 отсто од нив се против каков било конфликт на Косово, пренесува Н1.
22 отсто од анкетираните сметаат дека Русија ја поддржува Србија, а 20 отсто од нив ја гледаат Европската унија во таа улога. Кога станува збор за односот кон Истокот и Западот, 30 отсто од испитаниците се за Русија и Кина, а 35 отсто за ЕУ, Соединетите Американски Држави и скандинавските земји.
Доколку, пак, утре требаше да се одржи референдумот за членство во Европската унија, процентот за и против е ист – 33 отсто.
Индекс.хр