
Колку споменици и културни знаменитости се уништени во земјотресите во Турција?
Во земјотресите во Турција се уништени повеќе од 300 културни знаменитости.
На 6 февруари при силниот земјотрес уништени се повеќе од 60 споменици и 300 културни знаменитости. Значителен дел од нив се наоѓа во провинцијата Хатај. Во античко време, градот Антиохија бил еден од најголемите градови во светот и трет по големина град на Римската империја. во Антакија се прават напори да се спасат остатоците од илјадагодишното наследство на најголемите религии и култури во светот. Турција има 45.089 жртви, а погодени се повеќе од 13 милиони луѓе во таа земја.
Земјотрес со јачина од 5.2 степени денеска имаше во Кајсери во Турција.

