
Колку плати беа потребни во Југославија за купување на Југо?
Најевтиниот модел на Застава беше Југо 45 Корал и тој беше вториот најевтин модел на пазарот. За Југото требаше да се одвојат 30 просечни плати од тоа време, додека муштеријата ја чекаше со месеци својата копија.
Најевтиниот автомобил на југословенскиот пазар беше Fiat 126, за што луѓето требало да издвојат 19 плати.

