Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Колку пари за струја заштедија фирмите кои „на диво“ трошеа во кризата?
Економија

Колку пари за струја заштедија фирмите кои „на диво“ трошеа во кризата?

23/05/2023

AA

Во текот на минатата година домаќинствата и малите потрошувачи на ЕВН Хоме како универзален снабдувач на електрична енергија му платиле 425 милиони евра, што е многу повеќе од 296-те милиони евра фактурирани за потрошената струја во 2021, но тоа најмногу, покрај поскапената цена, се должи и на пребегнувањето на малите фирми од слободниот кон регулираниот пазар за да си ја спасат голата кожа во текот на енергетската криза.

Според податоците кои ги споделува Регулаторната комисија за енергетика во извештајот за 2022, чисто само домаќинствата ја намалиле потрошувачката со штедењето од 3,31 на 3,08 милиони мегаватчасови кои ги плаќале по цена од 3.520 денари, но без вклучена мрежарина. 

Илјадници фирми со над 50 вработени или вкупен годишен приход од над 10 милиони евра преку „дуплки во законот“ за да не плаќаат берзански цени, пребегаа на регулираниот пазар кај ЕВН Хоме. Така, малите потрошувачи, од кои некои од нив условно така насловени само на хартија, потрошиле 674.056 мегаватчасови, што е многу повеќе од 371.544 во 2021. Цената лани што ја плаќале била многу поволна за нив – во просек по 135 евра од мегаватчас, без мрежни услуги.

„Регулираниот снабдувач во текот на 2022 година има остварено продажба од 3.754.299.893 kWh, по просечна цена од 6,7272 ден./kWh со вклучени надоместоци за мрежни услуги, надоместок за организирање и управување со пазарот на електрична енергија и надоместок за повластени производители, со што има остварено вкупен приход од околу 425 милиони евра. Во овој приход се вклучени приходот за вршење на дејноста на универзалниот снабдувач како и приходот од надоместокот за пренос и дистрибуција на електрична енергија“, нагласува Регулаторната комисија за енергетика.

И самиот регулатор забележува дека има огромен пораст на потрошувачката на струја кај малите потрошувачи, меѓу кои голем дел успеале да се категоризираат како такви, иако реално не ги исполнувале критериумите.

„Може да се забележи
дека остварената продажба на електрична енергија кај домаќинства во 2022 година е за
7,13 отсто пониска од остварената продажба во 2021 година. Од друга страна, продажбата на електрична енергија кај малите потрошувачи во 2022 бележи раст од високи 81,4 отсто споредено со претходната 2021 година. Намалената потрошувачка кај домаќинствата,
покрај на релативно високите просечни температури во последниот квартал од 2022
година, се должи и на воведениот систем на блок тарифи со кој домаќинствата беа
поттикнати да штедат електрична енергија. 

Од друга страна, растот на потрошувачката
кај малите потрошувачи се должи на тоа што голем дел од компаниите кои до 2021
година се снабдуваа на слободниот пазар, а можеа да се снабдуваат од универзалниот
снабдувач, поради високиот раст на цените на електричната енергија, во 2022 година
одлучија да се вратат на регулираниот пазар. Исто така, на почетокот на 2022 година
беше забележана појава на преземање на различни мерки од страна на потрошувачите
на различни начини да исполнат услови да се категоризираат како мали потрошувачи и
да можат да се снабдуваат од универзалниот снабдувач“, велат од РКЕ.

Домаќинствата и малите потрошувачи, заедно со услугата за мрежарина во 2022, како што споредува РКЕ, плаќале за 24,9, односно за 46,2 проценти поскапо отколку една година претходно.

Регулаторната комисија за енергетика лани објави дека 12.000 потрошувачи во Македонија трошеле струја на регулираниот пазар на електрична енергија, наместо на слободниот, меѓу кои и општините. Поради ова се правеа дебаланси во милиони евра и системски проблем поради непланиран увоз на струја.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy