
Колку парчиња оружје се собрани досега во Србија?
Собрани се 9.401 парче оружје во Србија во акцијата за разоружување откако неодамна се случија два масакри, во Белград и Младеновац.
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека досега во кампањата за собирање легално и нелегално оружје, собрани се 9.401 парче оружје, повеќе од 400.000 парчиња муниција и 884 експлозивни направи, од кои 711 се бомби и минофрлачи.
„Веруваме дека ова ќе биде најуспешната акција, долгорочна и нема да застанеме тука. Им благодариме за довербата на граѓаните“, изјави Вучиќ.
Додаде дека ова е многу повеќе оружје отколку што е собрано во 2015, 2016, 2017 и 2020 година. Србија воведува построги казни за нелегално поседување оружје. Во масакрот во Белград, момче уби 9 луѓе, а 20 годишникот во Младеновац уби 8 луѓе. Дел од повредените уште се во болница.
foto Facebook/ Aleksandar Vucic
