Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Колку пациенти примија „Трикафта“ и како се чувствуваат сега?
Македонија

Колку пациенти примија „Трикафта“ и како се чувствуваат сега?

17/04/2023

AA

Претседателот на Асоцијацијата за цистична фиброза Фики Гаспар денеска во интервју за МИА истакна колку пациенти досега го примиле лекот Трикафта, и како се чувствуваат сега.

Според него, моментално 12 пациенти го примаат лекот, со тоа што на почеток почнале осуммина, а додава дека и он е еден од нив.


>> Биди дел од нашата Viber група <<

„Сега, по месец дена, заради тоа што остана дел од буџетот од тие 140 милиони денари што ги даде државата за интервентен увоз – тоа значи дека оди преку клиниката и дека е наменет да интервенира во однос на проблематиката и тоа е за една година залиха, по месец дена од нашето почнување, почнаа уште четворица пациенти. Сега се вкупно дванаесет. Почнаа пациентите кои беа во покритична состојба, најпрво тие кои беа во животозагрозувачка, во терминална фаза и согласно критериумите на, тоа е капацитетот на белите дробови, се вика ФЕВ. Согласно тој критериум, се одреди, надлежни здравствени работници одлучија кој ќе го прима лекот. Моментално се 12, но, остануваат сите останати за кои треба да се обезбеди лекот“, вели Гаспар.

Тој вели дека сега чувството е одлично.


„Помина месец и нешто кај мене и резултатите се огромни. Многу работи се променија. Првото чувство за мене, уште веднаш по првиот ден, беше тоа што веќе немаше потреба од кислородна поддршка и тоа се забележа преку сатурацијата, преку мерење на кислород во крвта, навечер веќе нема будење, кашлање. Можам да се движам, да спортувам, неодамна почнав и со тоа. Така што, магично чувство, магичен лек. Ако до пред месец и пол, кога биле најтешки работите, сме се чувствувале дека еве, можеби, крајот е овде и цело време сме биле зависни од хоспитализации, сега веќе наеднаш имате чувство дека, па и сте здрави, немате никаков проблем. Ова не е само кај мене. Ние направивме група, тие дванаесетмина коишто го примаме лекот, се консултираме, нели, нормално, да видиме како се чувствуваат и другите и изненадувачки, кај сите има огромни промени. Кај сите 12 пациенти, вклучувајќи ги и новите коишто почнаа пред неколку дена, најголемиот ефект се чувствува по првиот ден. Така да, резултатите се страшно големи. Обично кога ќе помислиме дека го претставуваат како магичен и со големи резултати, сепак сме скептични. Така беше и со нас. Се докажа дека промената е реална. Тоа се гледа и по сите тестирања што ги правиме. И за сатурација и за белодробна функција и дијагнозата се прави со помош на потен тест. Го викаат потен тест, гледаат колку сол има во организмот. И тие резултати се многу добри. Вредностите се намалени, што укажува дека лекот прави промени и на некој начин, ја менува болеста“, додаде Гаспар.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Алиу ги разрешува дилемите во јавноста: Модуларните сали од Клинички

18/06/2026
Македонија

Над 340 граѓани побарале помош преку „Отворениот кабинет“ на Министерството

18/06/2026
Македонија

Алиу: Спас за донацијата од 500.000 долари за хемофиличарите –

18/06/2026
Македонија

Алиу ја открива визијата за Новиот клинички центар: „8 Септември“

18/06/2026
Македонија

Алиу: Системот со отпечатоци од прст е поевтин чекор, срамота

18/06/2026
Македонија

Алиу: Здравствениот систем нема да се креира според желби на

18/06/2026
Македонија

Алиу најавува воведување парамедици во Итната помош и целосна заштита

18/06/2026
Македонија

Алиу најавува револуција во Итната помош: Посебна институција, 100 нови

18/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43815
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Алиу ги разрешува дилемите во јавноста: Модуларните сали од Клинички лесно се преместуваат, со регионализација

18/06/2026

Министерот за здравство, Азир Алиу, во интервјуто за „Ноќно студио“ на „4ТВ“ одговори на двете главни дилеми кои подолго време

Над 340 граѓани побарале помош преку „Отворениот кабинет“ на Министерството за здравство

18/06/2026

Проектот за директна комуникација со граѓаните преку веб-страницата на Министерството за здравство почна да ги дава првите финални резултати. Како

Алиу: Спас за донацијата од 500.000 долари за хемофиличарите – лековите пратени во Германија на

18/06/2026

Министерот за здравство, Азир Алиу, во интервјуто за „Ноќно студио“ на „4ТВ“ го претстави планот за спас на вредна медицинска

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy