Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Колку од бездомниците во земјава успеваат да најдат работа и да си го средат животот?
Економија

Колку од бездомниците во земјава успеваат да најдат работа и да си го средат животот?

15/08/2023

AA

Мал дел од
бездомните лица во Македонија успеваат да се вработат, да најдат сместување под
кирија и полека да си го средуваат животот.

Оние кои ќе успеат да најдат работа, обично чистат,
работат на градилишта, ги ангажираат како општи работници и слично. Доц. Д-р Драгана
Лазаревска, координатор на Пунктот за бездомници при Црвен крст-Момин Поток
вели дека им пружаат помош за да успеат да најдат работа.

„Од страна на стручниот тим од Пунктот за бездомници се
прави првична проценка на потребата за вработување, која е неговата намера, кои
се неговите работни способности и квалитети, се анализираат неговите претходни
работни искуства кои многу значат за следното вработување, како и желбата дека
сака да смени нешто ново и да излезе од состојбата на статус кво. Со оваа
проценка на личниот развој и потреби кај бездомното лице, стручниот тим
одблиску ја добива целосната слика за тоа колку едно бездомно лице вистински
сака да работи, и сака да си го смени животот на подобро. Во однос на типот на
работни позиции за кои бездомните лица изразуваат интерес, најчесто тоа се
хигиеничари на станбени згради, канцелариски простор, работници во паркови и
зеленила, комунална хигиена, во секторот за обезбедување на лица и имоти
(чувари), во градежништво како сезонски работници, работници за физичка работа
(селидби), продавачи на уличен магазин, како и келнери и готвачи во
угостителскиот бизнис“, вели Лазаревска.

Доколку 
бездомникот успее да најде работа, најпогодно е да изнајми соба за да
може да ги плаќа трошоците за кирија.

„Една од заложбите на стручниот тим од Пунктот за
бездомници е и изнаоѓање на соодветен простор најчесто соба под кирија, заради
тоа што апартманите и становите во градот Скопје се доста поскапи и бездомните
лица би биле во состојба целата плата да ја дадат за рентање на апартманот или
станот во кој би живееле. Фактичката состојба во градот Скопје е дека цените за
изнајмување на соба под кирија за месец дена варираат од 3.000 до 6.000 денари.
Оваа сума е возможно да се плаќа редовно од страна на бездомните лица кои се
вработени, прво заради тоа што не е прескапо и можат да си дозволат, и второ
што според кажувањата на овие лица им е доволен простор за мирен и спокоен
живот. Стручниот тим од Пунктот за бездомници согласно промените кои
настануваат во законите за работни односи, секогаш имаат намера бездомните лица
да ги поддржат во изнаоѓање на платена работа која ќе им гарантира минимална
плата, со статус на пријавено и осигурано лице“, објаснува Лазаревска.

Вели дека бездомниците во
градот Скопје се категорија на лица кои се социјално загрозени и ранливи, лица
кои долг временски период од својот живот се на маргините на општественото
живеење, лица кои заради непознавање и неинформираност за сопствените права за
достоинствен живот, не можат да ги задоволат егзистенцијалните потреби, а уште
помалку потребата да работат и бидат корисни и продуктивни битија.

„Оваа сива слика за постоењето
на оваа целна група на лица, во изминатите 15 години колоритна ја прави
постоењето на единствениот Пункт за бездомници во градот Скопје при Црвен крст,
кој со својот стручен кадар, професионално пристапува на овие горливи
работнички прашања. Мал е процентот на бездомници кои самостојно се вработиле и
задржале подолг период во компанијата или фирмата во која биле примени. Оваа
состојба се надминува кога во нивниот живот и желба за работа се инволвира и
мултидисциплинарниот тим од Пунктот со асистенција, помош и поддршка во
пронаоѓање на адекватно работно место кое ќе одговара со афинитетите,
квалитетите, знаењата, вештините и способностите на самото бездомно лице“, рече
Лазаревска.

Агенцијата за вработување се
ангажира за поголема вработеност на различни групи граѓани и оттаму побаравме
одговор дали има бездомници кои пронашле работа.

„Бездомните лица се предвидени
во годишните оперативни планови за активни програми и мерки за вработување како
целна група во мерката за субвенционирано вработување. Досега немаат
учествувано во мерката“, велат од Агенцијата за
вработување.

Лазаревска кажа дека тие опслужуваат околу 170
бездомници, но неофицијално се смета дека во Скопје има околу 500 бездомни лица. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy