Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Колку чини метар квадратен на становите што ги гради државата?
Економија

Колку чини метар квадратен на становите што ги гради државата?

18/10/2023

AA

Само околу 700-тини евра во Скопје e трошокот на државата за метар квадратен на становите во зградите што ги гради. Ова го покажува годишниот извештај на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор за 2022, каде се наведени сумите за изградба на зградите чиј инвеститор е државата.

Од програмата на претпријатието за изградбата на станбен простор наменет за продажба, единствен објект кој бил лани изграден е зградата во Реонски центар Аеродром. Вредноста на договорот со останатите анекси за изградба на оваа зграда, според извештајот изнесува 157.696.636 денари, од кои до крајот на 2022 биле исплатени 132.930.686. Доколку се поделат овие 2,56 милиони евра со 55 стана од 3.631 метри квадратни, излегува дека еден квадрат теоретски чини 700 евра. Зградата дополнително треба да има деловен простор и гаражи од околу 1.200 метри квадратни. Сепак, не е наведено дали во оваа сума влегуваат и трошоците за комуналии и приклучоци, како и данокот.

Акционерското друштво во државна сопственост  има во план за комерцијална продажба на станови да изгради уште пет згради, од кои најпрво таа во градската четврт Даре Џамбаз кај „стара воена пекара“. Во Општина Центар е предвидена уште една во Дебар Маало, како и уште две во Охрид и една во Битола. Сепак, овие згради се уште во подготовка.

Интересот за овие станови е многу голем и се купуваат веднаш кога ќе се постават темелите, дознава „Фактор“, бидејќи цените се пониски и сигурноста во квалитетот на изградбата е поголема.

Од другите активности, се градат и згради со станови за лица во социјален ризик и ранливи групи. Овие објекти се градат преку Министерството за странспорт и врски и тие не се продаваат. Најголемата социјална зграда и најголема воопшто во земјата – онаа што се доградуваше годинава во скопски Бутел, има 312 стана со вкупна површина од 12.842 метри квадратни. Во извештајот стои дека, според основниот договор и анексите, ќе чини 458.186.431 милиони денари и дека до почетокот на годинава биле исплатени 399.970.203 денари. Излегува дека овде трошокот за еден стан е уште помал – 580 евра по метар квадратен. Социјални згради лани се граделе и во Кочани, Кавадарци, Охрид и Велес.

Иако генералниот директор на АДИССДП, Зоран Георгиев, изминатата пролет амбициозно најавуваше дека државата со поинтензивна изградба ќе го регулира галопирачкото поскапување на становите, инвестициската активност на претпријатито не покажува, барем засега, дека е така на терен и дека државата може да им конкурира на приватните инвеститори.

Бројките од извештајот покажуваат дека за изградба на објекти биле потрошени само 175 милиони денари. Наплатени од продажба на недвижнини биле 307,6 милиони денари во 2022  и овој приход е зголемен за нешто повеќе од двојно за една година. Сепак, планот бил да се наплатат 623,2 милиони денари од продажбите на станови (и друг простор), но се реализирало само двојно помалку од тоа.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy