
Колку Албанци добиле бугарски пасоши?
Албански државјани земаат бугарски пасоши. Рекорден број од повеќе од 8.400 Албанци добија зелено светло за бугарски пасош.
Од почетокот на 2015 година до јули лани, 8.474 Албанци добиле одобрение за нивните барања за бугарско потекло. Албанците се на петтото место меѓу странците што аплицирале за бугарски пасош. Пред нив се Македонија, Украина, Молдавија и Србија. Државната агенција за Бугарите во странство (ДАБЧ) во јавноста излезе со податоци за дадена согласност за добивање бугарско државјанство.
Во 2018 година во Бугарија е уапсен претседателот на ДАБЧ, Петар Харалампиев (на функцијата беше од мај 2017 до 29 октомври 2018 година). Обвинителството во септември годинава поднесе обвинение против Харалампиев, поранешниот главен секретар на секторот Красимир Томов и уште две лица за издавањето пасоши. Македонските граѓани земаат бугарски пасоши за да заминат на работа во европските земји. Низ годините, Бугарија соопштуваше дека од 88.000 па до 120.000 македонски граѓани извадиле бугарски пасош.