Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЛКАВИ ЌЕ БИДАТ ПЛАТИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ СЛЕДНАТА ГОДИНА?! – коефициентите се намалуваат, еве ги деталите
Економија

КОЛКАВИ ЌЕ БИДАТ ПЛАТИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ СЛЕДНАТА ГОДИНА?! – коефициентите се намалуваат, еве ги деталите

24/12/2024

AA

Најавуваните
промени со кои ќе се спречи нов раст на функционерските плати пред собраниските
пратеници. Измените на Законот за
плата и други надоместоци на избрани и на именувани лица се доставени во Собранието, и се бара намалување на коефициентите
за пресметка на платите. Предлагачи на законските измени
се пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, Дафина Стојаноска и Ели Панова.

– 
Се изменуваат коефициентите за пресметка на плата на начин што ќе
обезбеди правична и одржлива законска регулатива при исплата на платите и ќе се
спречи натамошниот непропорционален раст на нивните плати. Ќе се постигне
поголема транспарентност, правична распределба на буџетските средства, при што
платите на функционерите ќе се усогласат со реалните економски услови во
државата– стои во законот.

Како што е
наведено во него, се намалуваат коефициентите, за помали. Па така највисокиот коефициент 3,92 ќе
се намали на 3,17. Коефициентот 3,48 ќе се намали на 3,08, а коефициентот 3,22
ќе се намали на 2,85. Понатаму, коефициентот 2,96 се заменува со 2,62, а најнискиот коефициент 2,79, ќе се намали на 2,47.

Од дополнувањата
на Законот може да се види дека највисок коефициент се пресметува за
претседателот на Македонија и претседателот на Собранието. Вториот коефициент
по големина е за пресметка на платите на претседателот на Уставен суд. Третиот
по ред коефициент се користи за пресметка на платата на член на
Владата, претседател на работно тело на Собранието, гувернер на Народната банка
на Република Македонија, јавен правобранител на Македонија, народниот
правобранител, секретар на Собранието и секретар на Владата.

Коефициентот за утврдување на плата на
заменик министер, директор на републичка организација, раководител на Кабинетот
на претседателот на Република Македонија, советник на претседателот на
Република Македонија, секретар на Кабинетот на претседателот на Република
Македонија, републички советник во Собранието, заменик на гувернерот на
Народната банка на Република Македонија, заменик на секретарот на Собранието,
заменик на јавниот правобранител на Македонија, заменик на народниот
правобранител, изнесува до 2,96.

Најмалиот коефициент
е за пресметка на платите на на раководен работник кој
го именува Собранието или кој го назначува надлежното тело на Собранието, на
судија на апелационен суд и заменик на вишиот јавен обвинител претседател на
основен суд и основен јавен обвинител, изнесува до 2,79.

Но, законските
измени утврдиле намалување и на платите на градоначалниците, односно планирано
е да се намалат и нивните коефициенти.

– 
Коефициентите
за утврдување на платите на градоначалниците на општините и за градоначалникот
на Град Скопје изнесува од 2,08 до 2,85. Овие коефициенти се
определуваат според бројот на жителите и тоа за градоначалник на општина до
10.000 жители, коефициентот изнесува 2,08, за општина до 25.000 жители
коефициентот изнесува 2,23, а за градоначалник на општина до
50.000 жители е 2,47. За градоначалник на општина со над
50.000 жители коефициентот е 2,62 – стои во законското решение,
каде исто така е посочено дека коефициентот за
утврдување на платата на градоначалникот на Град Скопје изнесува 2.85.

Намалувањето на коефициентите за
функционерските плати се
прави по бројните реакции во јавноста поради драстичното зголемување на платите
на функционерите на почетокот на минатата година, во времето на претходната
влада. За потсетување тогаш платите се зголемија за дури 78 проценти.

Премиерот
Христијан Мицкоски претходно гарантираше дека нов раст на платите на
функционерите нема да има.

– 
Две работи
се сигурни. Првата е дека еден ден сите ќе заминеме од овој свет, а втората е
дека нема да има зголемување на платите на функционерите – кажа премиерот на крајот на октомври.

Предвидено беше платите на функционерите
повторно да се зголемат во јануари 2025 година, согласно растот на годишната
просечната плата, која е основица за пресметување. Претставници на претходната влада тврдеа дека за
да се намалат платите треба да се сменат многу закони.

Инаку платата на премиерот Христијан Мицкоски, според
информациите на сајтот на Владата изнесува 140.450 денари (2.280 евра), а исто
толку зема и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Платите на
останатите министри изнесува 115.540 денари (1.870 евра).

Платите на
функционерите се пресметуваат врз основа на просечната плата за тековната
година помножена со коефициентот зависно од позицијата која ја имаат, но и од
други бенефиции.

П.О. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy