Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Колкава државна помош ќе добијат „Јагео“ и „БМЗ“, новите инвестиции во Македонија?
Економија

Колкава државна помош ќе добијат „Јагео“ и „БМЗ“, новите инвестиции во Македонија?

12/04/2024

AA

Тајванскиот инвеститор „Јагео“ кој во Македонија треба да произведува чипови, ќе добие 45.425.000 евра вкупна државна помош за инвестирањето во земјата. Ова е најголемата одобрена државна помош во текот на минатата година, според извештајот кој го објави Државната комисија за заштита на конкуренција.

„Јагео“ треба да произведува делови и компоненти за „Тесла” и „Епл“. Со тајванската групација договорот беше потпишан лани во Тајпеј и треба да биде најголема гринфилд инвестиција во Македонија со вкупен износ од 205 милиони евра и план за отворање на 3.900 работни места во период од десет години. „Јагео” планира да изгради два нови производствени капацитета – едниот во Скопје, а вториот во Штип. Првично, фокусот ќе биде зоната во непосредна близина на метрополата каде изградбата треба да стартува во текот на наредната година.

Германската фармацевтска компанија „Гересхајмер“ треба да добие 42 милиони евра за втор инвестициски циклус. Според најавите, втората инвестиција за производство на стаклени шприцеви за медицински цели ќе биде најголема странска инвестиција досега реализирана во една фаза. Станува збор за најавена инвестиција од над 126 милиони евра во индустриската зона Скопје 2. На „Гересхајмер“ во 2023 му биле одобрени уште 12.415.200 евра за проширување на првата инвестиција.

Најголемиот европски производител за литиум – јонски батерии БМЗ Холдинг од Карлштајн на Мајна треба да добие 28.731.289 евра. Македонија ќе биде индустриски извозник на литиум – јонски батерии. Германската групација BMZ  развива и произведува високотехнолошки батериски системи, кои се инсталирани низ целиот свет во најразновидните производи на познати брендови. Произведува и батериски системи со свои брендови. 

„Магна Мехатроникс“ која минатата година започна со изградба на фабрика во зоната во Штип за интегрирани автомобилски системи од механички и електронски компоненти, според евиденцијата на КЗК, ќе инкасира 18.503.085 евра. Канаѓаните најавија 600 вработувања и огромен извоз.

За белгиската компанија „ Авеста“ која ќе гради фабрика за производство на електрични батерии за автомобили во ТИРЗ Кичево, следуваат 5 милиони евра од државата, односно од Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони. Според договорот, во Кичево ќе бидат отворени 600 нови работни места.

„Техникал Текстајлс“, германската компанија која е присутна во Македонија уште од 2014-та, ќе добие од Владата 9 милиони евра, од кои 5 по хоризонтална и 4 по регионална основа. За доделување помош за овој проект на компанијата која произведува индустриски текстил во Штип немаше многу информации во јавноста. На американски „Леар“ за втор инвестициски проект во зоната во Тетово ќе бидат исплатени 8.285.639 евра, решено е минатата година. 

Интересно е тоа што на производителот на сопирачки за возови „Вабтек“ прво му бикла одобрена помош од 14.773.047 евра, но КЗК ја сопрела оваа постапка. Одобрени биле и 9 милиони евра за Некст Е.ГО за „посебна обука“ како нов основ за државна помош, но во меѓувреме Владата објави дека се раскинува договорот со стартапот кој требаше да произведува електрични автомобили во Тетово.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy