
Колкав раст ќе има македонскиот БДП?
Растот на македонскиот БДП годинава e 2 отсто.
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ги ажурираше своите економски прогнози. Проценките за Македонија се дека растот на БДП во 2022 година бил 2,5 отсто, оваа година ќе биде 2, а во наредната 3,0 проценти. Како што објави ЕБОР, проценката за макадонскиот БДП за 2022 е намалена за 0,2 отсто, а за оваа година за 0,3 отсто во однос на последниот извештај од септември лани. За регионот на Западен Балкан се проценува дека растот на БДП во лани бил 3 проценти, годинава ќе биде 2,2 отсто, а во 2024 година ќе достигне 3,4 проценти.
foto freepik.com/mindandi

