Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Колин Хувер се врати на „Инстаграм“ и ги избриша сите фотографии со Блејк Лајвли
Магазин

Колин Хувер се врати на „Инстаграм“ и ги избриша сите фотографии со Блејк Лајвли

13/02/2025

AA

Авторката на бестселерот „Завршува со нас“ Колин Хувер се врати на Инстаграм откако минатиот месец го деактивираше профилот, но без фотографии со актерката Блејк Лајвли. Хувер, забележа Дејли Мејл, ги отстрани сите траги од нејзината врска со Лајвли, вклучувајќи ја и фотографијата на која актерката ја означи.

Хувер (45) напиша роман во 2016 година кој беше адаптиран во истоимениот филм од 2024 година, кој сега е во центарот на правната битка помеѓу Лајвли (37) и режисерот и актер Џастин Балдони (41). Балдони тврди дека Лајвли ја искористила својата слава за да ја придобие Хувер на своја страна, откако актерката поднела тужба за сексуално вознемирување во декември.

Пред таа драма, Хувер и Балдони имаа срдечни односи, како што покажуваат мејловите од контра тужбата на Балдони од 400 милиони долари. Во еден од нив, Хувер напиша дека нема подобар кандидат за проектот и му предложи да ја преземе главната машка улога.

Меѓутоа, како што се зголемуваа тензиите, Хувер го избриша својот профил и изјавата во декември во која таа ја опиша Лајвли како „чесна, љубезна и трпелива“. Сега нејзиниот профил е повторно активиран, но без никакви фотографии со Балдони (кои ги немаше и претходно) или Лајвли, вклучувајќи ги и оние од премиерата на филмот во август.Одлуката за враќање на социјалните мрежи доаѓа откако Лајвли претрпе мал правен удар пред судот во Њујорк минатата недела. Нејзиниот адвокатски тим побара одложување од две недели за да поднесе изменета жалба, но судијата им одобри само уште еден ден. Крајниот рок за поднесување документи сега е 18 февруари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БРИСЕЛ ГИ ПРЕПОЗНА ЗАКОНСКИТЕ РЕФОРМИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО Позитивно оценети законите

04/11/2026
Македонија

КОРИДОРИТЕ 8 И 10 СЕ ВАЖНИ И ЗА ВОЕНАТА МОБИЛНОСТ

04/11/2026
Македонија

НЕГИРАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ОД БУГАРИЈА Е ПОЛИТИЧКИ ГОВОР НА

04/11/2026
Македонија

СО ГОДИНИ МЕСТЕЛЕ ПОДАТОЦИ ВО Е-ИНДЕКСИ, ЗАРАБОТИЛЕ 21.000 ЕВРА Под

04/11/2026
Македонија

ВО КУМАНОВКИОТ СУД ИМА НЕСОГЛАСУВАЊА, А НЕДОСТИГА КАДАР Судскиот совет

04/11/2026
Македонија

Кога ќе завршиме со битолска Алта банка, која е следна

04/11/2026
Македонија

СЕ ЖАЛЕЛЕ ДЕКА ИМААТ МНОГУ РАБОТА, А ОДБИВАЛЕ ДА СЕ

04/11/2026
Македонија

ЌЕ СЕ РЕФОРМИРА ИТНАТА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ Се подготвува и реорганизација

04/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46577
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БРИСЕЛ ГИ ПРЕПОЗНА ЗАКОНСКИТЕ РЕФОРМИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО Позитивно оценети законите за Судскиот совет, обвинителите и

04/11/2026

Напредокот во спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудството 2024–2028, новите закони за Судскиот совет и за Советот на јавните

КОРИДОРИТЕ 8 И 10 СЕ ВАЖНИ И ЗА ВОЕНАТА МОБИЛНОСТ Македонското искуство во НАТО може

04/11/2026

Коридорите 8 и 10 имаат значење и за воената мобилност на НАТО, а искуството од исполнувањето на сојузничките стандарди треба

НЕГИРАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ОД БУГАРИЈА Е ПОЛИТИЧКИ ГОВОР НА ОМРАЗА Научници од Македонија повикаа

04/11/2026

Политичките оспорувања на македонскиот национален идентитет и на посебноста на македонскиот јазик од страна на бугарски политички и академски кругови,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy