Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Колева: Пендаровски покажа дека е претседател на сите граѓани во државата
Македонија

Колева: Пендаровски покажа дека е претседател на сите граѓани во државата

28/02/2024

AA

Актуелниот претседател Стево Пендаровски покажа дека е претседател на сите граѓани во државата и личност со кредибилитет и авторитет.

СДСМ има докажан претседателски кандидат кој изминатите години, докажа дека е близок и комуницира со сите граѓани. Посетува занаетчии, граѓански институции, секојдневно е во контакт со луѓето, и покажа дека е произлезен од народот, а претседателскиот кабинет никогаш не бил повеќе отворен од сега. Личноста на претседателот, колку тој е авторитетен меѓу граѓаните дава додадена вредност покрај тоа што е поддржан од одредена структура, рече пратеничката на СДСМ Даниела Колева во „Студио 10“ на 24 Телевизија.

Таа потенцираше дека откако СДСМ дојде на власт, се создаде клима и атмосфера за секој од граѓаните да може да си го каже своето мислење.

„ Се врати демократијата, се ослободија медиумите, луѓето се ослободија, секој да може да каже што мисли. Луѓето почнаа да коментираат и дискутираат јавно. И жално е што ДПМНЕ продолжува да ја злоупотребува демократијата со напади, лаги и ширење дезинформации за да собираат политички поени. Се што започнавме како реформа наидовме на препрека и блокади од страна на ДПМНЕ “, рече Колева.

Таа додаде дека СДСМ е партија која има огромен број на традиционални партнери и дека тоа е нешто што ДПМНЕ го нема затоа што функционираат во затворен круг без пријатели. Луѓето сакаат да видат план и програма, а СДСМ се што досега вети и го оствари.

“ ДПМНЕ 10 години имаше власт, а не реализираше попис. Има еден куп закони и мерки кои беа во нашата програма во 2020 година и сите тие се реализирани. На пример: Недела неработен ден, Мој ДДВ, стечајни работници, социјална пензија, пензионирање на поголема возраст, 82 детски градинки, 820 образовни асистенти во училиштата за кои беше блокиран законот, субвенциониран студентски оброк, регрес за годишен одмор на цела администрација, покачени просечна и минимална плата. Па Трајко Славевски беше против покачување на минималната плата, и уште е против. Ако владееше уште ДПМНЕ, минималната плата уште ќе беше 9.000 денари, а сега е 22.000 денари“, рече Колева.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy