Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кокаин и лекови за смирување пронајдени кај Стојанче Јовановски
Македонија

Кокаин и лекови за смирување пронајдени кај Стојанче Јовановски

17/04/2026

AA

На денешното рочиште во Основниот кривичен суд Скопје за случајот со смртта на Ивана Јовановска, сведочеше вештакот по судска медицина Златко Јаќовски, кој ги образложи наодите од обдукцијата и токсиколошките анализи.

Според неговото сведочење, кај Ивана Јовановска, покрај повредите здобиени од падот од зграда во скопската населба Тафталиџе, биле утврдени и крвни подливи на брадата и вратот.

„Дел од нив, како што наведе, се настанати десет дена пред смртта, а дел истиот ден или еден ден претходно.“

Вештакот посочи дека во текот на обдукцијата не биле пронајдени алкохол ниту други психоактивни супстанци во нејзиниот организам.

Во однос на обвинетиот Стојанче Јовановски, токсиколошките анализи покажале присуство на наркотични и седативни супстанци.

„Како што рече вештакот, во урината е констатиран кокаин со концентрација од 307,5 нанограми на милилитар, како и бензодиазепини во концентрација над 1000 нанограми на милилитар.“

Дополнително, според наодите, биле утврдени и дијазепам, нордијазепам и метаболит на кокаин.

Обвинителството го товари Стојанче Јовановски дека ја навел сопругата на самоубиство во период кога биле во бракоразводна постапка, како и дека ѝ ја загрозил сигурноста и ѝ нанел телесни повреди во рамки на семејно насилство.

Според обвинението, трагедијата се случила на 2 март годинава, кога Ивана Јовановска и нивната шестгодишна ќерка Катја го загубиле животот по пад од балкон во скопската населба Тафталиџе.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

35 години независност: Најобразовани, најповрзани, а најмалку убедени дека имаат

12/08/2026
Македонија

Нула присуство на штетни бактерии – објавени извештаите од тестирањето

12/08/2026
Македонија

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со

12/08/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Водата во Скопје е меѓу најбезбедните, ширењето паника е

12/08/2026
Македонија

По одбивањето за продолжување на прекинот на казната, тој не

12/08/2026
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44980
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

35 години независност: Најобразовани, најповрзани, а најмалку убедени дека имаат иднина дома

12/08/2026

За 35 години од прогласувањето на независноста, Република Северна Македонија претрпе длабока демографска и социјална трансформација. Државата која ја започна

Нула присуство на штетни бактерии – објавени извештаите од тестирањето на скопската вода

12/08/2026

Водата за пиење од градскиот водоснабдителен систем во Скопје е целосно безбедна и микробиолошки исправна, покажаа најновите лабораториски испитувања спроведени

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

12/08/2026

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека отвори предмет по допрен глас за да ги провери наводите за енормно загадување со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy