Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?
Економија

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

09/05/2024

AA

Многу невработени
кажуваат дека на интервју за работа, ги прашувале која е минималната плата за
која би работеле, oдносно самите да кажат колкав износ очекуваат.

Луѓето кои имале
вакво искуство, велат дека ова не им се допаѓа и делува уценувачки со
цел да се издејствува и договори пониска плата.

„Ми се случило.
Тоа е со цел работникот да бара помалку пари. Ако мораш, ќе прифатиш“, вели
Маја Станојковска, граѓанка.

Друга  повозрасна жена вели дека нејзините деца се
соочиле со истото.

„На моите деца
тоа им се случи, но тие првенствено не ја гледаат платата, туку и другите
услови за работа. Колку имаат слобода на работа, условите, слободните денови“,
рече Дијана Тасевска, граѓанка.

Друга жена
објаснува дека се иселила од Македонија, но оваа појава ја смета за крајно
негативна.

„Тоа не ми се
случило, затоа што долго време сум во странство. Тоа не ми се допаѓа и не знам
што да кажам“, вели оваа жена.

На многу огласи за вработување, износот на платата воопшто не е наведен. Катерина
Златановска Попова, советничка за развој на кариера и обучувач за меки вештини објаснува дека во идеални услови, работодавачот има обврска да
ја објави платата уште во огласот за вработување, но сепак во реалноста сме сведоци дека тоа
најчесто не е случај па кандидатите се ставаат во ситуација за платата да
разговараат за време на интервјуто.  Таа додава дека е фер и исклучително
професионално оној кој бара работници да ја даде својата понуда, односно да му
го претстави на кандидатот својот пакет кој ги вклучува сите законски обврски
(плата, К-15, денови за годишен одмор и сл.) и сите дополнителни бенефиции
(како бонуси, дополнителни привилегии, приватно здравствено осигурување, обуки
и тренинзи и т.н.).  

„Она што најчесто го советувам на кандидатите кога работиме
на подготовка за интервју е прво да направат истражување на пазарот на труд и
на тоа како се движат платите во соодветната индустрија и доколку е возможно да
обезбедат информации како се движат платите кај конкретниот работодавач. Потоа
следно, кандидатот треба да направи истражување за платите поврзани со позиција
за која аплицира и на ум секогаш да го има неговото искуство и знаење, односно
компетенции за таа конкретна работна позиција. На самото интервју, јас најчесто
советувам прво да праша која е предвидената плата која компанијата сигурно ја
планирала за објавената позиција, а потоа доколку е неопходно да каже своја
цифра, да не се врзува за конкретна минимална бројка, туку да ги искористи
информациите од претходно направеното истражување и да одговори дека очекува
почетната плата да биде во склад од – до со платите во таа индустрија со
соодветен план за напредување и зголемување на платата по извесен прецизно
определен период (кој најчесто е 6 месеци, период кој експертите го сметаат за
неопходен за работникот да може целосно да се вклопи во организацијата и да ги
превземе своите работни задачи и обрски без дополнително менторство)“,
додава Златановска Попова.

Нагласува
дека не треба да заборавиме дека вработувањето претставува двостран договор со кој двете
страни треба да се задоволни и да имаат желба да се обврзат и да го почитуваат.
Ако барате работа, можете и да најдете огласи на кои стои „плата по договор“.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/myjuly

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy