Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Koj e човекот кој алармирал дека во Лукавац ќе се случи „белградско сценарио“ ама никој не го послушал?
Регион

Koj e човекот кој алармирал дека во Лукавац ќе се случи „белградско сценарио“ ама никој не го послушал?

14/06/2023

AA

Ученикот од Лукавац, Босна и Херцеговина(БиХ) кој денеска пукаше и повреди наставник, на социјалните мрежи ја најавил својата одмазда. 

Тој со недели најавувал дека ќе се одмазди. Јавноста во Босна и Херцеговина ја згрози информацијата за пукањето во Основното училиште „Лукoвац град“, кога ученик дојде со пиштол и го застрела професорот по англиски јазик, кој во тешка состојба е пренесен во Универзитетскиот клинички центар во Тузла. Професорот е опериран, но е во животна опасност. 

Дино Османовиќ, политичар од Лукавац, по крвопролевањето ги објави преписките и предупредувањата што ги напишал токму поради заканите на ученикот.

„Ова е порака од 22 мај 2023 година, кога откако дознав дека ученик се заканува дека ќе се одмазди откако бил префрлен од училиште, побарав информации за да видам дали сме разумни или сме презеле нешто за да не ни се случи „Белград,“ но за жал не сме презеле ништо“, напиша Османовиќ. 

Тој пишува дека наставникот кој заврши во болница е татко на две деца. Наставникот е Недим Османовиќ, кој, според Аваз, е син на поранешниот пратеник на СДА во Парламентот на БиХ, Исмет Османовиќ и внук на потпретседателот на СДА, Фадил Османовиќ. 

Инаку, момчето нема кривично да одговара затоа што нема навршено 14 години. 

Во Србија уште е топ тема масакрот кој се случи во училиште во Белград на 3 мај, каде 13 годишно дете уби 10 луѓе. 

Одлуката на Вишиот суд во Белград со која на В.К., таткото на момчето убиец му забраниле да располага со имотот, уследила откако побарал нотар да дојде да го посети во притвор. Неговата намера била да ја провери потребната документација, за да може да располага со својот имот.

Последниве два месеци имаше повеќе инциденти во училиштата во регионот. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy