Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОИ ЗЕМЈИ ПРВО МОЖЕ ДА ЈА УКИНАТ ГОТОВИНАТА? Меѓу нив е и економски гигант
Економија

КОИ ЗЕМЈИ ПРВО МОЖЕ ДА ЈА УКИНАТ ГОТОВИНАТА? Меѓу нив е и економски гигант

14/10/2024

AA

Тешко е да се квантифицира колку земји во светот се префрлија на безготовинско плаќање и до кој степен, поради предизвиците во спроведувањето на студиите во многу земји. Овие податоци обично зависат од достапноста на информации од секоја земја и пристапот до безготовинските плаќања.

Сепак, врз основа на актуелните трендови, може да се каже дека следните земји се најблиску до тоа да станат безготовински општества.

НОРВЕШКА

Норвешка има нула проценти од населението без банкарска сметка, што значи дека секој граѓанин има пристап до банкарски услуги. Само околу два отсто од плаќањата во земјава се вршат во готово. Со 32 банкомати на 100.000 луѓе, Норвешка е една од земјите со најголема веројатност да стане општество без готовина.

ФИНСКА

Финска бележи слични податоци како Норвешка, со нула проценти од населението без банкарска сметка и 37 банкомати на 100.000 луѓе. Банката на Финска проценува дека банкнотите нема да бидат во употреба до крајот на 2029 година.

ШВЕДСКА

Шведска, првата земја што издаде банкноти, сега е еден од лидерите во користењето на мобилни плаќања, со околу 20 отсто од трансакциите. Во моментов само еден процент од плаќањата во земјава се вршат во готово.

Иако се предвидуваше дека Шведска веќе ќе биде без готовина, тоа сè уште не се случи, главно поради тоа што постарите граѓани сè уште користат готовина. Како и во Норвешка и Финска, нула проценти од шведското население е без банкарска сметка.

НОВ ЗЕЛАНД

Нов Зеланд има 54 банкомати на 100.000 жители, а само еден процент од населението нема банкарска сметка. Сепак, циклонот што го погоди Нов Зеланд во февруари ги откри ризиците од безготовинските плаќања, бидејќи беа уништени банкоматите и платежните услуги. Оваа ситуација ја принуди централната банка да ја преиспита важноста на готовината во општеството.

ОБЕДИНЕТО КРАЛСТВО

Во Велика Британија, 17 проценти од потрошувачите претпочитаат да плаќаат со готовина, што е повисок процент во споредба со другите земји на оваа листа.

И покрај ова, Велика Британија сè уште е меѓу водечките земји кога станува збор за безготовинските плаќања, поради што многу компании размислуваат да одат целосно без готовина.

Велика Британија има еден од најголемите банкомати во однос на бројот на граѓани, па така има 99 банкомати на 100.000 луѓе.

Далеку од безготовинско плаќање

Од друга страна, земјите како Мароко сè уште се потпираат многу на готовина, иако 84 отсто од населението има пристап до Интернет. Околу 71 отсто од населението немаат пристап до банкарски услуги, што веројатно е причина за големиот број на готовински трансакции.

Романија е европски лидер во готовинските трансакции, каде 78 отсто од сите трансакции се вршат во готовина, додека 42 отсто од населението не е вклучено во банкарскиот систем.

Во Египет 60 отсто од трансакциите се вршат во готово, што е поврзано со фактот дека 67 отсто од населението немаат банкарска сметка.

Новости.рс

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy