Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОИ СЕ ТИЕ ГОЛЕМИ ДОМАЌИНИ: Ланската добивка од три милиони евра ќе се реинвестира, а 8 и пол милиони од претходната година ќе се чуваат, дивиденда нема да има
Економија

КОИ СЕ ТИЕ ГОЛЕМИ ДОМАЌИНИ: Ланската добивка од три милиони евра ќе се реинвестира, а 8 и пол милиони од претходната година ќе се чуваат, дивиденда нема да има

03/06/2024

AA

Ако минатата
година се делеше дивиденда од три милиони евра, и тоа на предлог на помалиот
акционер, оваа година тоа нема да се случи.

Скопската
рафинерија ОКТА, и покрај одличните финансиски резултати, оваа година нема да
дели дивиденда.

Собранието на
акционери на оваа нафтена компанија, кое се одржа во петокот, донело неколку одлуки.

Едната од
одлуките е дека добивката која ова акционерско друштво ја оствари во текот на
минатата година, а која е на износ од 3,12 милиони евра, ќе биде целосно
реинвестирана, односно ќе биде употребена за инвестиции.

„Нето добивката
во износ од 191.686.228 денари (3,12 милиони евра – н.з.), ќе биде употребена
за инвестиции (реинвестирана добивка). Дирекцијата за финансии се обврзува да
ги преземе сите дејствија потребни за спроведување на оваа одлука“, се вели во
објавата кое компанијата ја сподели преку Берзата со инвеститорската јавност, а
по одржувањето на акционерското собрание.

На истиот ден,
односно во петокот, Собранието на акционери донело уште една одлука, а таа е
како ќе се намени добивката останата од 2022 година, која требало да се
реинвестира, но останала неискористена, и за неа се нагласува дека ќе се
распореди во акумулирана добивка, а која е на прилично висока сума, од
фантастични 8,63 милиони евра.

„Износот од
530.995.758 денари (8,63 милиони евра – н.з.), кој останува неискористен од
реинвестираната добивка од 2022 година, се распоредува во акумулирана добивка
од друштвото“, се вели во објавата после одлжувањето на акционерското собрание.

Тоа во слободен
превод би можело да значи дека како дивиденда нема да се дели ниту ланската
добивка, од над 3 милиони евра, но ниту профитот од 2022 година кој се
планирало да се реинвестира, но не се успеало, па од тие причини тие близу 9
милиони евра ќе се чуваат како акумулирана добивка.

Ова било предлог
од Управниот одбор на компанијата, но интересно е што овој пат немаше предлог
од помалиот акционер „Пуцко петрол“, да се подели дивиденда, како што беше лани
за преетходната година, а што на крајот беше прифатено од Собранието на
акционери.

Како што веќе пишувавме на крајот на мај минатата година, Собранието на акционери на Скопската рафинерија ОКТА дефинитивно пресече дека ќе
има исплата на дивиденда на вкупна сума од три милиони евра. 

Овој предлог, како што претходно објавивме, го даде еден од позначајните акционери на таа компанија,
„Пуцко Петрол“, која поседува над 10 отсто од акциите, а потоа го прифати целото Собрание на акционери. 

Тогаш, пак, се одобри исплата на дивиденда од кумулативна акумулирана добивка од
претходните години, 
во вкупен бруто износ од
184.506.480 денари или приближно три милиони евра, односно дивиденда во бруто
износ од 218 денари по акција.

Ова, пак, значеше дека солиден износ на дивиденда доби
доминантниот акционер на скопската рафинерија, а тоа е грчката компанија
ЕЛ.П.ЕТ. Балканике петролеум, која тогаш поседуваше
најголем и управувачки пакет од 81,51 отсто од акциите, како и „Пуцко петрол“
од Пласница, компанија трговец со нафтени деривати, која тогаш располагаше со 10,87 отсто од обичните акции на ОКТА. Или, според
пресметките, „Пуцко петрол“ добие дивиденда во бруто
износ од 326 илјади евра за своите акции во ОКТА.Додека, пак, доминантниот
акционер, ЕЛ.П.ЕТ. Балканике Петролеум, инкасираше на свое конто 2,45 милиони евра како дивиденда од скопската
рафинерија ОКТА.

Во меѓувреме „Пуцко“ ја зголеми својата
сопственост на 11,05 отсто од акциите на рафинеријата, а ЕЛ.П.ЕТ Балканике
Петролеум си останува на својот акционерски пакет кој е управувачки, од 81,51
отсто од акциите во рафинеријата.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy