Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ – еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка
Економија

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ – еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

17/04/2024

AA

Имаат ли причина за задоволство
акционерите на скопската фабрика за чоколади „Европа“. Стигна одлуката на
раководството што тие ја очекуваа и за која ќе треба да се гласа на Собранието
на акционери кое ќе се одржи на 15 мај оваа година, а тоа е како ќе се
распредели добивката остварена во минатата година.

Фактор веќе објави, врз основа на финансиските извештаи на компанијата, како таа работела во текот на минатата 2023 година, и зошто е тоа малку послаб финансиски резултат во однос на претходната година.

Во предлог одлуките за Собранието на
акционери секако дека најинтересна е онаа за тоа колкава дивиденда може да се
очекува од ланската добивка, а од компанијата за тоа многу прецизно ја
информираат инвеститорската јавност.

Па така, од компанијата одлучиле
како ќе се распредели нето добивката во износ од нешто над 544 илјади евра
остварена во 2023 година. Притоа, со прости зборови кажано, околу една третина
ќе оди за дивиденди, а преостанатиот поголем дел ќе остане во форма на
нераспределена добивка, дел кој обично фирмите го зачувуваат за да ја гарантира
нивната стабилност и за наредниот период.

Па така, од вкупно 544 илјади евра,
се предлага во форма на дивиденди да се исплатат 187 илјади евра, додека, пак,
како нераспределена добивка ќе одат над 357 илјади евра.

 Да видиме кој најмногу ќе се офајди од тие 187 илјади евра.

Согласно последната состојба објавена на Централниот депозитар за хартии од
вредност, најголем акционер на „Европа“ е шпедитерската компанија „Фершпед“,
која поседува 21,77 отсто од акциите на „Европа“.

Согласно својот процент на акции, „Фершпед“ треба да добие околу 41 илјади
евра во форма на дивиденда.

Уште една шпедитерска компанија, а таа е „Макошпед“, е втор по големина
акционер во чоколадната фабрика, со 19,9 отсто од капиталот на ова акционерско
друштво.
Согласно нивниот акционерски процент, оттаму можат да очекуваат
дивиденда од нешто повеќе од 37 илјади евра.

Солиден број акции во компанијата поседува и АС „Сењак“ на Селаудин Арифи,
кој располага со 18,05 отсто
, и кој согласно со таа своја акционерска
сопственост, може да очекува дивиденда од дивиденда од околу 34 илјади евра.

Мила Левентиќ која има 8,68 отсто од акциите на база на дивиденда ќе добие
мад 16 илјади евра, додека, пак, Есамедин Хасани кој поседува 6,25 отсто од
акциите, во форма на дивиденда ќе заработи околу 12 илјади евра како дивиденда
од „Европа“ Скопје.

Во компанијата акционери се и шест странски физички лица, кои поседуваат
вкупно 18 проценти од акциите. Помали проценти имаат и домашни физички и правни
лица од оваа компанија.

Сите акционери можат да се надеваат на дивиденда
во бруто износ од 50 денари по акција, која ќе се исплатува во пари на нивните трансакциски
сметки. Датумите за исплата на дивиденда се утврдуваат по следниот дивиденден
календар. Последен ден на тргување со право на дивиденда е трети јуни, а прв ден
на тргување без право на дивиденда е четврти истиот месец.

Во своите објави
компанијата наведува дека дивидендата ќе се исплати во законски предвидениот
рок, а најдоцна до 30
септември оваа година.

Инаку, се очекува акционерите да ја одобрат работата на членовите на
Одборот на директори, за секој член поединечно, а тие се Марија Каранфиловиќ – неизвршен член, претседател на Одборот на директори,
која функцијата ја извршувала до 30 септември лани, Драган Наков, неизвршен
член, Есамедин Хасани, неизвршен член, Наташа Милева, сегашен претседател на одбор на директори, неизвршен
и независен член, Марика
Караџова, извршен
член и генерална
директорка, како и Селаудин
Арифи, неизвршен член.

А, токму директорката Марика Караџова
заминува во пензија на 15 мај и затоа Собранието треба да ја констатира
нејзината оставка, а на нејзино место ќе се избере нов раководен кадар, кој
засега не е познат.

На
неизвршните членови на одбор на директори ќе им се исплаќа месечен надомест во
нето износ од 30.000 денари по член.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy