
Кои се најсиромашните народи во ЕУ?
Најсиромашни во Европа се Романците и Бугарите. 22 отсто од населението во ЕУ според Евростат живее во ризик од сиромаштија или социјална исклученост. Лани 95,3 милиони луѓе во Европската Унија живееле во домаќинства кои се соочуваат со најмалку еден од трите ризици: сиромаштија, тешка материјална и социјална состојба и живеење во семејства со многу ниска вработеност.
Најмногу луѓе изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост има во Романија (34 отсто), во Бугарија (32 отсто), Грција и Шпанија (по 26 отсто).
Најмалку сиромашни и население во социјален ризик има во Чешка (12 отсто), Словенија (13 отсто) и Полска (16 отсто).
foto freepik.com

