Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОИ СЕ МАКЕДОНСКИТЕ ИНДУСТРИСКИ МАГНАТИ И КОЛКАВИ ПРОФИТИ ПРАВАТ – УСЈЕ го предводи орото, еве кои се другите најдобри
Економија

КОИ СЕ МАКЕДОНСКИТЕ ИНДУСТРИСКИ МАГНАТИ И КОЛКАВИ ПРОФИТИ ПРАВАТ – УСЈЕ го предводи орото, еве кои се другите најдобри

15/08/2024

AA

Полугодишниот билтен што
го издаде Берзата за котиораните акционерски друштва, кои овој пат се поделени
и по дејности, дава интересни податоци за тоа како секоја од нив стои
поединечно. Од Берзата ги
селектирале индустриските котирани акционерски друштва, кои се 35 на број. Податоците говорат дека од нив, со добивка работеле 27 компании, додека, пак,
загуби направиле осум од нив.

Вкупната добивка на овие
котирани акционерски друштва е 30 милиони евра. Што е вкупно помалку од
профитот кој во првото полугодие од годинава го оствари најголемата македонска
банка, Комерцијална, која прокнижи позитивен финансиски резултат од над 46
милиони евра.

Секако, овде треба да се
спомене и фактот дека овие 27 акционерски друштва кои работеле со добивки сигурно имаат
направено поголема сума на чист профит, но неколкуте загубари, чии минуси и не
се воопшто така ниски, и кои го намалиле заедничкиот профит на македонската
индустрија која котира на Берзата.

Инаку, треба да се
спомене и дека, таков каков што е, заедничкиот резултат на 35-те компании од
индустријата, а тоа е профит за шест месеци од 30 милиони евра, и тој во однос
на истиот период лани е зголемен за 80,45 отсто.

Ајде сега да видиме кои
компании се најпрофитабилни од македонската индустрија, а кои се котирани
акционерски друштва.

На прво место е
скопската цементарница УСЈЕ, со профит остварен за првите шест месеци од
годинава на сума од 15,8 милиони евра, што е раст за 73,22 проценти
во однос на
истиот период лани. Симнуваме капа за УСЈЕ, така работи една успешна компанија,
чиј профит само благо беше „чепнат“ за време на големата енергетска криза, кога
значајно им се зголемија трошоците за енергија.

На второ место е
Мермерен комбинат Прилеп, чии профит за првото полугодие е 7,85 милиони евра,

што во однос на истиот период лани е раст за 26,52 проценти. Исто така одличен
резултат, но и одличен раст за повеќе од една четвртина на полугодишно ниво.

Челичарскиот гигант
Макстил се најде на трета позиција, со чиста добивка од 2,46 милиони евра
. За
жал кај нив, иако работеле одлично и бележат позитивен финансиски резултат,
добивката е намалена во однос на истиот период од минатата година и тоа за 16,9
проценти, а од компанијата прилично прецизно и опширно ги наведоа причините за
таквата состојба.

Веднаш зад Макстил со
сличен профит е винарската визба Тиквеш, мајсторите на македонското вино, кои
во првите шест месеци од годинава профитираа со 2,14 милиони евра.
И, тие
имаат уште една причина да бидат задоволни, а тоа е што нивната добивка во
однос на истиот период лани е зголемена за 28,14 отсто.

Следува Адинг, исто така
одлична и успешна компанија. АДИНГ е водечка компанија во
Југоисточна Европа за производство и пласман на хемиски материјали за
градежништвото, основана во1969 година.
Нивниот профит бил 1,76 милиони евра во првото полугодие, што е одличен раст од
25,4 отсто во однос на истиот период од минатата година.

Пекабеско е следен на листата со профитр за шест
месеци од 1,35 милиони евра и раст од близу 5 проценти,
Прилепска пиварница
профитирала со 1,12 милиони евра што е за жал намалување за 33,45 проценти,
потоа Грозд од Струмица има добивка од 677 илјади евра, што е одличен раст на
добивката за близу 52 отсто, а чоколадната Европа имала чист профит од 460
илјади евра, што е порасрт за 24,3 отсто.

И, уште една компанија која вреди да се истакне
иако по профитот се најде на 10 позиција, а таа е БИМ Свети Николе, чии профит
бил 453 илјади евра, но затоа ова претставува фантастичен раст во однос на
истиот период лани, или за цели 225 проценти. Главна дејност на БИМ АД Свети Николе е
производство на материјали за хидроизолација на база битумен. БИМ АД Свети
Николе е единствен производител на битуменски хидроизолациони материјали во
Македонија.

За разлика од нив, најголем загубар бил Либерти, со
загуба од 3,51 милиони евра, што е навистина гхолем негативен финансиски
резултат. Тутунски комбинат Прилеп имал загуба од 969 илјади евра, додека лани
во тој период работеле профитабилно, а ФЗЦ 11 Октомври Куманово имале профит од
584 илјади евра. Од 35 компании во индустријата, со загуба во првото полугодие
од годинава работеле осум акционерски друштва.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy