Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ – од пиво добро се живее во Македонија
Економија

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ – од пиво добро се живее во Македонија

24/04/2024

AA

Само една третина од ланскиот чист профит ќе оди за дивиденда, а другите
две третини ќе бидат инвестирани, со цел компанијата и натаму да продолжи со
позитивни резултати.

„Прилепската пиварница“ ги објави намерите кои многумина ги очекуваа, а кои
се однесуваат на тоа како компанијата ќе ја распредели својата прилично сочна
добивка од близу два милиони евра остварена во минатата година, или прецизно
1,99 милиони. Тие сега се формулирани во предлог одлука за распределба на
дивидендата, за која ќе гласаат акционерите на Собранието кое ќе се одржи на 23
мај оваа година.  

Притоа, од два милиони евра добивка, акционерите ќе донесат одлука како
дивиденда да се распределат  714 илјади
евра, додека, пак, многу поголем дел ќе оди за инвестиции, и тоа 1,27 милиони
евра.

„Со оглед на тоа што Прилепска
пиварница во 2023 година остави нето добивка во износ од 122.133.060 денари, а
во интерес на континуитет на инвестициските вложувања, но и исплата на
дивиденда за сопствениците на обичните акции, беше одлучено дел од добивката во
износ од 78.239.672 денари да биде задржан за инвестиции, односно реинвестирана
добивка, додека делот од добивката во износ од 43.893.388 денари да биде
наменет за дивиденда за акционерите на обични акции“, се вели во образложението
на оваа предлог одлука.

На акционерите ќе им се исплати дивиденда за лани
во висина од по 1.111 денари бруто за една акција.

Од компанијата
наведуваат дека последен датум на тргување со право на дивиденда e 10 јуни, прв
датум на тргување без право на дивиденда е 11 јуни, а датум на стекнување на
право на дивиденда за 2023 година е 12 јуни оваа година. Исплатата на
дивидендата ќе се случи најдоцна до 30 септември, а парите ќе стигнат на трансакциските
сметки на акционерите.

Со оглед што се знае колку пари
компануијата ќе издвои за дивиденда, веќе може да се пресмета колку од неа ќе
се офајдат акционерите, но и кои се тие.

Како што е познато, а и како што говори ЦДХВ, двајца најголеми но воедно и
единствени акционери кои поседуваат над пет отсто од капиталот се братот и
сестрата Сашко и Панде Самарџиоски. Имено, и двајцата располагаат со по 36,32
отсто од акциите, што значи дека од дивидендата која е планирано да се
исплатува, тие ќе добијат по близу 260 илјади евра секој од нив.

Од Прилепска пиварница дивиденда ќе
земат и 15 домашни компании, кои вкупно поседуваат 15,97 отсто од капиталот,
што значи дека тие меѓу себе ќе поделат околу 114 илјадуи евра. Во компанијата
има како акционери и седум странски фирми, кои располагаат вкупно со 3,57 отсто
од акциите, како и 16 физички странски лица, кои имаат 1,93 отсто од акциите, и
тие ќе добијат дивиденда согласно нивниот процент.

А, покрај Сашко и Панде Самарџиоски, во пиварницата има како акционери уште
106 домашни физички лица, кои вкупно поседуваат 5,89 отсто од акциите и кои ќе
поделат како дивиденда сума од над 68 илјади евра, сразмерно на процентот на
акции кој го поседуваат.

Инаку, треба да се спомене дека
добивката на Пивара Прилеп лани во однос на една година претходно е зголемена
за над 67 проценти.

„Тоа ја истакнува состојбата на враќање кон
попозитивни финансиски остварувања односно одржување на конкурентноста и
виталноста на друштвото
во сепак тешка деловната година за работење, а кои се остварени пред се со
производство и промет на висококвалитетни производи како што се сопствените
пива и тоа Златен даб и Крали Марко, безалкохолните газирани пијалоци од
лиценцната програма на Пепси Кола, како
и безалкохолниот газиран пијалок од домашната програма Газоза. Презентираните
резултати лани се
остварени и со учество на трговското работење пред се со брендовите Карлсберг и
Туборг од Романија, со Књаз Милош од Србија, Аква Вива и Тубе“, се
вели во годишниот извештај кој исто така на годишното собрание ќе го усвојат
акционерите.

Компанијата известува и дека лани
вложиле 4,7 милиони евра, и тоа целосно на товар на сопствените средства, односно
од
акумулираните добивки и од амортизацијата, како од тековните средства така и од
орочените заштеди во банки,
без при тоа друштвото да се задолжува кај банки и да продуцира обврски и
трошоци по основ на камати.

„И за 2024 година Прилепска Пиварница АД –
Прилеп планира да го продолжи инвестициониот циклус
. Во 2024 год. планирани се
инвестициски вложувања во износ од околу 2 милиони евра во опрема и основни
средства
“, се вели во
годишниот извештај.

А, за сите овие резултати добри награди и плати пртимиле директорите на
компанијата. Односно во годишниот извештај се информира дека
вкупно
како примања на членовите на Управен одбор и на Надзорен одбор во текот на 2023
година исплатен
им е
бруто износ од
500 илјади евра.

Инаку членови на Управниот одбор се Сашко
Самарџиоски, член, Генерален директор и Претседател на управен одбор, потоа Панде
Самарџиоска, член, Заменик на Генерален директор, а членови се и Катерина
Митреска, Димитар Тодороски, Коста Мијоски, Јане Ангелески и Владимир Блажески.
Додека, пак, членови на Надзорниот одбор на Прилепска пиварница  се Александар Чатлески, кој е и Претседател на
Надзорен одбор, како и Методија Самарџиоски и Александар Димитријески.

Н.Н.Ф.
 

Фото: Unsplash

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy