Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст
Економија

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

24/04/2024

AA

Малта, Кипар и соседна
Бугарија се трите земји членки на Европската унија кои во текот на 2021 година имале
најголем уддел во обезбедувањето ИКТ услуги.

Според најновите
податоци кои ги објави европскиот статистички центар „Евростат“, овие земји
имаат најголем раст на услугите во информатичката технологија.

Спротивно на нив,
Грција пак е меѓу земјите кои пак имаат најмало учество, заедно со Италија, што
донекаде е разбирливо бидејќи станува збор за земји каде доминираа туристичкиот
сектор.

– 
Во
2021 година, додадената вредност на секторот за информатичка и комуникациска
технологија (ИКТ) на ЕУ беше еднаква на 5,5 проценти од бруто додадената
вредност на Европската унија. Од нив, 4,7 отсто отпаѓаат на ИКТ услугите и 0,8
проценти од ИКТ производството. Од земјите на ЕУ за кои беа достапни податоци
за збирниот „ИКТ сектор“, земја со најголема бруто додадена вредност за сите
области од ИКТ индустријата беше Малта која има раст од 10,3 отсто, додека
Грција имаше најниска стапка од само 3,5 проценти – се појаснува во анализата
на „Евростат“.

Трите земји
членки на унијата кои имаат највисоки коефициенти на раст во обезбедувањето ИКТ
услуги се Малта со 9,4 отсто, по што следува Кипар со 8,9 проценти и нашиот
сосед, Бугарија со 7,3 проценти.

Од друга страна,
дел од источните земји членки на ЕУ, заедно со Малта се земјите кои имаат
најголем уддел во бруто додадента вредност преку производство на информатичка
технологија. Тоа се Унгарија каде учеството достигнува 1,2 проценти, по што
следува малта Малта со 0,8 отсто, Латвија и Словачка и двете по 0,6 проценти.

Кога станува збор
за учеството на вработеноста во ИКТ секторот во вкупното вработување, просекот
во ЕУ изнесувал 3,2 проценти во 2021 година.

– 
Помеѓу
2011 и 2021 година, меѓу земјите на ЕУ за кои беа достапни податоци за 2021
година, само Данска забележа намалување на вработеноста во ИКТ во вкупната
вработеност каде има пад од 0,6 процентни поени. Од друга страна Латвија и
Естонија забележаа најголеми зголемувања на учеството на ИКТ вработеност во
вкупна вработеност од раст од 2,5 процентни поерни и 2,2 процентни поерни – се наведува
во анализата на „Евростат“.

Во 2021 година,
најголем дел од вработеноста во ИКТ во вкупната вработеност има во Ирска каде
опфатени се 6,1 проценти од вработени. Потоа следува Естонија со 5,6 отсто и
Шведска со 5,2 проценти.

Во меѓувреме,
најниски стапки на опфат на работници во ИКТ секторот од вкупно вработени има во
Грција каде овој процент достигнува 1,7 отсто, по што следуваат Полска и
Португалија и двете по 3 проценти опфат, посочува Евростат.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy