Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кого денеска ќе го огрее сонцето во М-НАВ? Просечната директорска месечна бруто плата е најмалку 6.100 евра!
Економија

Кого денеска ќе го огрее сонцето во М-НАВ? Просечната директорска месечна бруто плата е најмалку 6.100 евра!

09/01/2024

AA

М-НАВ е златната кокошка во конкуренција на сите државни акционерски друштва. Иако нема официјални споредбени податоци нејзините тројца директори се најплатените државни менаџери во конкуренција на педесетина државни и јавни претпријатија. Независната ревизија потврди! Директорска просечна месечна бруто плата во М-НАВ во 2022 година била 6.100 евра месечно. А во однос на 2021 година е зголемена за 50%! Машала!

М-НАВ е најпосакуваната државна компанија на ранг листата за вработување во однос на сите државни акционерски друштва и јавни претпријатија, а тоа го покажуваат официјалните податоци за независната финансиска ревизија што друштвото ја ангажирало за работењето во 2022 година.

М-НАВ е услужна компанија со уникатна дејност – го контролира движењето на авионите и други воздухоплови на македонското небо. Тука влегуваат прелетите, полетувањата и слетувањата на пистите на нашите аеродроми. За таа услуга во најголема мерка наплатува од „Еуроконтрол“ суверено тело кое го менаџира европското небо.

М-НАВ во 2022 година од прелети, терминални услуги (слетувања, полетувања н.з.) и останати услуги наплатила повеќе од 21 милиони евра. Убедливо најголема ставка се прелетите на авиони над нашето небо. Од таа услуга М-НАВ наплатил 18,7 милиони евра. Од терминални услуги наплатил 2,3 милиони евра и од останати услуги уште 160.000 евра. М-НАВ наплаќа за своите услуги за контрола на летање, слетување и осветлување (писта н.з.) од европското тело „Еуроконтрол“. Освен тоа М-НАВ има и останати приходи кои ги остварува од воздушни комуникациски услуги (радар и радио опрема). За овие дополнителни услуги од кои остварува останати приходи М-НАВ има договор со „Хунгаро Контрол Маџар“ (пандан на М-НАВ за Унгарија н.з.).

И тука доаѓа најинтересното: од тие приходи за исплата на своите 305 вработени во 2022 година исплатила 15,8 милиони евра. Тоа се пари за бруто плати и надоместоци за вработените. При тоа за нето плати се дадени 9,2 милиони евра. М НАВво 2022 година за придонеси и даноци на плата исплатила  5,4 милиони евра.

Официјалните податоци на независната ревизија потврдија дека во 2022 година секој од тројцата директори (членови на Управен одбор) имал просечна месечна плата од 6.100 евра. При тоа за трошоци за тројцата директори М-НАВ исплатил 220.000 евра во 2022 година. Во 2022 година просечна годишна бруто плата на директор во М-НАВ е 73.000 евра.

За жал последниве денови токму таа компанија е во фокус на јавноста по инцидентот во кој учествувале вработени во М НАВ меѓу кои и висок функционер на ДУИ и поранешен министер, екс директор на М НАВ и директор на ПИОМ. Од неколку лица кои неоваластено биле во кулата за наведување авиони бил нападнат контролор на летање. За инцидентот се превземени мерки од органите на прогонот се очекува и кривична пријава, а Владата најави дека денеска ќе ги смени директорите во М-НАВ. Фахрудин Хамиди, еден од тројцата директори на М-НАВ на прес конференција изјави дека станувало збор за кошкање меѓу колеги наспроти него обвинителството виде кривично дело за кое е можна минимална затворска казна од пет години.

Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ АД, Скопје е акционерско друштво основано во 100% сопственост од страна на Владата. Друштвото постои од 4 ноември 2008 година. Во согласност со одредбите утврдени во Законот за воздухопловство, М-НАВ е авторизиран давател на услуги на воздухопловна навигација. Во текот на 2022 година, друштвото доби решение за продолжување на уверението за работа за давање на услуги на воздухопловна навигација за период од 2 години сметано до 09.03.2024 година. За таа лиценца М-НАВ на АЦВ плати такса од 330.000 евра за две години.

НАВ добива 83,2% од приходите од прелети во тек на една година. Другите 16,8 отсто се приходи од прелетите кои ги добива Агенцијата за цивилна воздушна пловидба (АЦВ). Вредно е да се истакне дека АЦВ е државно регулаторно тело кое има законски надлежности да ја контролира работата на М-НАВ.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy