
„Кога војската ќе се врати на Косово“ – ваков натпис осамна во Зубин Поток
Полицијата на Косово вчера покрена истрага за натписот „Кога војската ќе се врати на Косово“ кој се појави во Зубин Поток.
Полицијата отвори случај за „предизвикување омраза, поделби и нетрпеливост“, поради натпис испишан на јавна површина покрај главниот пат во општина Зубин Поток, во северно Косово, населено со мнозинско српско население, јави дописникот на МИА од Приштина.
За случајот е известен обвинителот, а интензивните увиди се во тек. Граѓаните вчера наутро за прв пат го забележале натписот, кој бил испишан на ѕидот кај автобуската постојка на главниот пат меѓу Северна Митровица и Зубин Поток.
Претседателката Вјоса Османи, изјави дека суспензијата на одлуката за укинување на визите за граѓаните на Косово од 1 јануари 2024 година ќе го убие дијалогот меѓу Косово и Србија. Ваква закана упати францускиот претседател Емануел Макрон.
