Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кога треба да почнеме да ги учиме децата на штедење?
Економија

Кога треба да почнеме да ги учиме децата на штедење?

04/05/2023

AA

На возраст од 5
или 6 години децата се спрeмни да почнат да се учат да штедат.

Психологот
Радмила Манчевска  вели дека
предучилишната или училишната возраста е период кога децата треба да бидат
свесни за вредноста на парите. Како што објаснува таа, децата најчесно учат
преку примери.

„На таа возраст
децата учат броење, се идентификуваат, поистоветуваат со другите, но и преку
приказни им се всадуваат вредности. Родителите треба да им дадат пример, да не
биде тоа како со пушењето, родителот пуши, а бара детето да не користи
цигари. Значи не можеме да го научиме детето да штеди, ако гледаат дека ние тоа
не го правиме“, рече Манчевска.

На оваа тема ги
прашавме за мислење и граѓаните. Според нив, кога детето ќе тргне на училиште и
ќе добива џепарлак, треба да научи и да штеди. Повозрасните велат дека ги учеле
своите деца и внуци да штедат.

„Со касичка за
штедење ги учев моите деца да штедат. Тоа на детето му создава навика за
штедење. Откако ќе ја отвори касичката, со тие пари може да си купи чоколадо
или нешто друго и така се учи за вредноста на парите. Сметам дека и со готвење
дома  детето може да се научи дека тоа е
начин да се заштеди“, рече Блашка Тасевска, граѓанка.

Граѓаните велат
дека е убаво да се штеди, ако условите дозволуваат.

„Јас ги учам
децата да штедат,  ама мислам дека сега нема
што да се заштеди“, објаснува Благица Тушевска, граѓанка.

Сепак, повеќето
се жалат дека со ниските примања тешко успеваат да заштедат, но навиката за штедење е корисна. 

„Ги учиме младите
да трошат рационално, а колку и дали тоа ќе го сфатат зависи од нив“, рече Драгица
Петковска, граѓанка.

Психолозите
советуваат дека децата треба да прават разлика меѓу желбите и потребите. На
возраст од 10 години добро е да знаат колкави се трошоците на едно домаќинство
за сметки и други потреби. Треба да сфатат дека семејството има ограничена сума
пари со која треба да го помине месецот, а за да имаат извор на приходи, луѓето
одат на работа, каде вложуваат труд, ги нудат своите услуги, трошат време и сето тоа треба да им се објасни на најмалите.

Соцологот Татјана
Филиповска вели дека однесувањето на родителите е пример кој децата обично го
следат.

„Децата ги
имитираат родителите. Не многу мали, но од школска возраст треба да се научат
на штедење. Но, џабе е ако родителот го советува детето да штеди, а самиот тој
се расфрла. Еднаш зборував на тема сиромаштија и можам да кажам дека ние
Македонците сме навикнати од малку да направиме нешто или од тоа малку да ги
намалиме потребите и да ни остане нешто. Тоа е умешност“, додава социологот.

На веб страницата
на Народна банка има водич за финансиска писменост и насоки како да се штеди и
зошто е тоа важно. Пред неколку години беше констатирано дека финансиската
писменост на населението е на ниско ниво. Лани Народна банка реализирала 115 едукативни предавања на кои биле присутни 4.335 учесници, меѓу кои ученици,
студенти, наставници и професори, како и деца од предшколска возраст. Училиштата доколку се
заинтересирани за оваа тема можат да пополнат форумлар и да се пријават за
одржување на предавање. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45787
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина на Битола

24/09/2026

Вечерва во 22:18 часот по локално време, во југозападниот дел на Македонија е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,3 степени

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Остварив средба со претседателот на Република Србија,

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев ветува мерит систем, каде знаењето

24/09/2026

Заврши времето кога само етничката припадност беше услов за добивање работно место во јавниот сектор, а новиот закон за правична

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy