Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кога Партизан објави дека продал 11.000 сезонски, Ц. Звезда откри дека продала – 1.000 повеќе!
Спорт

Кога Партизан објави дека продал 11.000 сезонски, Ц. Звезда откри дека продала – 1.000 повеќе!

24/09/2023

AA

Ривалитетот помеѓу Партизан и Црвена Звезда е децениски и постои буквално во сите спортови, но никогаш досега не бил толку драстичен како помеѓу кошаркарските колективи, кои со години наназад буквално водат војна и се надмудруваат за секоја работа, па дури и за бројот на продадени сезонски билети.

Црно-белите пред неколку дена објавија дека 11.000 навивачи ги обновиле сезонските билети од минатата сезона пред продажбата воопшто да почне, најавувајќи дека очекуваат бројката да дојде и до 15.000, што е феноменално дури и за далеку побогатите евролигашки екипи. Но, за да не останат покуси, црвено-белите денеска некако тивко, но со намера, пуштија информација дека досега продале 12.000 сезонски билети и дека побарувачката била огромна.

„Она што ни е важно и каде ќе се обидеме да направиме голем исчекор е настапот во Евролигата, каде што целта ќе биде пласман на фајналфор-турнирот. Сезоната ни почнува на 30 септември со меч во АБА лигата, а на 5 октомври ни гостува Асвел и само да потсетам дека останаа многу малку сезонски билети. Продадени се околу 12.500, а останаа околу 500-600 сезонски билети. Нека побрзаат нашите фанови, симпатизери“, изјави Небојша Човиќ, претседателот на Црвена звезда.

Белградските тимови, кои сите средби сезонава ќе ги играат во „Штарк арената“, летово потрошија невидени милиони на играчкиот пазар и направија тимови со кои лесно би можеле да го нападнат врвот на Евролигата, но тоа не ги спречува речиси секојдневно да си поделат по некој низок удар – буквално како мали деца.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Запленето товарно возило поради нелегален ископ на песок во неготинско

09/08/2026
Македонија

Приведен 19-годишник од Кочани поради неовластено правење и споделување експлицитни

09/08/2026
Македонија

ЦУК со предупредување: Многу висок ризик од шумски пожари во

09/08/2026
Македонија

5 активни пожари низ Македонија, еден под контрола

09/08/2026
Македонија

„Сеат Алтеа“ му го пресекла патот на 19-годишникот, кој загина

09/08/2026
Македонија

Постапка против 46-годишник за тешка сообраќајна несреќа во Радишани

09/08/2026
Македонија

Политичка војна околу Артан Груби

09/08/2026
Македонија

Над 100 паралелки помалку – речиси 5.000 првачиња помалку од

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44925
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Запленето товарно возило поради нелегален ископ на песок во неготинско

09/08/2026

На 08.08.2026 во 11:40 часот, при контрола на сепарација во неготинско село, полициски службеници од Отсекот за економски криминал при

Приведен 19-годишник од Кочани поради неовластено правење и споделување експлицитни снимки од поранешната партнерка

09/08/2026

На 08.08.2026 во 21:40 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода А.М.(19) од Кочани, постапувајќи

ЦУК со предупредување: Многу висок ризик од шумски пожари во повеќе региони во земјата

09/08/2026

Според податоците од МКФФИС, на 9 август 2026 година во 09:00 часот, со порастот на дневните температури се зголемува и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy