КОГА НА 12 ГОДИНИ ОТИШОЛ ВО АМЕРИКА, ПРОДАВАЛ ВЕСНИЦИ, А ЕВЕ КАКО СЕ ЗБОГАТИЛ – новиот поткаст на Фактор за Митре и Софи Кутановски
Иселениците Митре и Софи Кутановски не и се непознати на македонската јавност, Тие се дел од проектот „Македонија 2025“, а ја поседуваат и фондацијата „Близнаков“, која доделува стипендии за студенти од земјава. Интересни се почетоците на нивната бизнис приказна, а малкумина можеби знаат дека Митре заминал во Соединетите американски држави на свои 12 години, каде првата работа која што ја вршел, била разнесување на весници. И за која уредно го добивал својот паричен чек!
Тие секое лето доаѓаат во Радожда, каде што е роден Митре, и каде што имаат своја куќа.
„Од 12 години јас работев во Америка, кога стигнав таму, прво носев весници од куќа до куќа“, вели Кутановски.
На забелешката на нашиот водител Мишко Иванов дека тоа изгледа тому како во филмовите, Митре Кутаноски и неговата сопруга Софи велат, „Да, да. Токму така“.
„Така беше, ќе го земев точакот, имав корпа на точакот, весниците внатре ми беа средени, и ги фрлав, од куќа до куќа. И секој месец за таа работа ми праќаа чек“, вели Митре Кутаноски.
Дел од приказната ја раскажува и Софи Кутановска.
„Тој долги години работеше во USDO, како обичен работник. Најпрво работеше, како инспектор за железо, но не беше нешто многу платен. Но, тој секој ден го читаше The Wall Street Journal, весник што ги споделува вестите за движењата на Берзата. И секој ден го читаше овој весник, од почеток до крај. И сите пари што ги заработуваше, тој ги инвестираше. Практично, тој играшр на берза со акции. Во тие години, јас бев млада, но тој ми кажуваше во кои компании инвестира. Тој инвестираше во International business machines – IBM, како и во други компании, практично во најважните акции, блу чипови, и човекот си направи доста пари од Берзата“, вели Софи Кутановска, а откако Мишко Иванов се интересираше колку пари направил Митре на тој начин, таа одговори дека станува збор за околу три до четири милиони долари.