Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОГА ИМА ГОЛЕМ ПРОФИТ, ИМА И ЗА ДОБРИ ДИВИДЕНДИ, А И ЗА НАГРАДИ И РЕЗЕРВИ – која скопска компанија и како ќе дели 417 илјади евра
Економија

КОГА ИМА ГОЛЕМ ПРОФИТ, ИМА И ЗА ДОБРИ ДИВИДЕНДИ, А И ЗА НАГРАДИ И РЕЗЕРВИ – која скопска компанија и како ќе дели 417 илјади евра

15/04/2024

AA

Одлична дивиденда ќе добијат акционерите на РЖ Техничка контрола.
Компанијата која се занимава со физичко-хемиски и металуршки испитувања од
областа на индустријата, рударството и металургијата, својата одлуката за
исплата на дивиденда ќе ја потврди на акционерското собрание, кое е закажано за
15 мај оваа година.

Акционерите ќе гласаат за повеќе предлог одлуки, меѓу кои најинтересна е
онаа за исплата на сосема солидна дивиденда од добивката која е остварена во
текот на минатата година.

Компанијата РЖ Технички услуги, која се формираше во 1997 година од некогашните
Рудници и железарница, може да се пофали дека лани сработила и повеќе од
одлично, а како што објаснуваат во својот годишен извештај, кој исто така ќе
биде усвоен на годишното акционерско собрание, тоа се должи на зголемениот обем
на нивното работење.

Или, оваа компанија минатата година ја завршила со чист профит од над 417
илјади евра, што е повеќекратен раст или за над 1.000 проценти во однос на 2022
година, кога тоа акционерско друштво профитирало со само 37 илјади евра. Заслужуваат
пофалби за солидниот резултат, а наградата од големата добивка од близу
половина милион евра ќе ја добијат и акционерите во форма на дивиденда, но и
вработените за кои се предвидуваат солидни награди, а ќе се издвои и сума на
солидни резерви.

Но, да одиме со ред. Од добивката која за минатата година изнесува 417
илјади евра, за исплата на дивиденди компанијата ќе подели близу половината,
или 185 илјади евра.

Притоа, дивидендата во бруто износ по акција ќе изнесува 60 денари, што е повисок износ од минатата година, кога таа беше
50 денари бруто по акција. Дивидендата
ќе биде исплатена во готово на трансакциска сметка на акционерите. Датумот на
евиденција според кој ќе се определи листата на акционери кои имаат право на
дивиденда е 30 мај, последен
ден на тргување со право на дивиденда е 28 мај, а прв ден на тргување без право на
дивиденда е 29 мај оваа година. Дивидендата
ќе се исплати во законски предвидениот рок, најдоцна до 30 септември годинава.

Согласно податоците од Централниот депозитар за хартии од вредност, во РЖ
Технички услуги има двајца акционери со акции над 5 отсто од капиталот, и тоа Бошко
Угриновски, кој поседува 23,02 отсто од акциите, и кој е прв човек на Одборот
на директори, како и Огнен Начевски, кој поседува 5,25 отсто од акциите.

Во компанијата има уште 3.018 акционери домашни физички лица, кои заедно имаат
58,4 отсто од акциите, 7 домашни компании кои поседуваат заедно 11,3 проценти
од акционерскиот капитал, како и 13 странски физички лица, кои располагаат
вкупно со 2 отсто од акционерската структура на компанијата.  

Согласно акционерскиот процент и сумата на дивиденда која ќе се исплатува,
Бошко Угриновски би добил на име на дивиденда околу 42 и пол илјади евра, а
Начевски безмалку 10.000 евра по таа основа. 

Но, и сите други акционери ќе добијат солидни суми, сразменрно со процентот на своите акции, кој не може да се види на ЦДХВ, бидејќи се под 5 отсто. 

Потоа, сума од 57 илјади евра е планирана за награди за вработените,
додека, пак, солиден износ од околу 176 илјади евра ќе задржи во форма на
резерви за наменски издатоци.

А, она што е интересно е и дека неизвршните и независните бчленови на Одборот
на директори ќе добијат паричен надоместок од по 80 илјади денари за секого или
по околу 1.300 евра, и тоа е исто така една од одлуките за која ќе гласа
Собранието на акционери.

„Се
определува поединечен износ од 80.000 денари за неизвршните и независни членови
(освен вработените) на Одборот на директори по основ награда за учеството и
работењето во Одборот на директори за деловната 2023 година“, се вели во предлог одлуката.

Друштвото, како што стои во нивните извештаи, има добиено меѓународен сертификат ИСО 9001:2000 за тестирање на
минерали, руди, метали, легури и горива, механичко и металографичко тестирање
на челични и метални производи и сертификат МКС ЕН ИСО/ИЕЦ 17025:2006 за
тестирање на механички карактеристики на метали, хемиски состав на метали,
физичко-хемиски карактеристики на цврсти горива, хемиски состав на почви и
вештачки ѓубрива. Ова, како што велат оттаму, е гаранција дека тестирањето е во
согласност со условите и барањата на највисоките светски стандарди. 

Нивен
најголем партнер е „Макстил“, но нивните услуги ги користат и Либерти, ЕСМ,
односно РЕК Битола и РЕК Осломеј, Титан Цементарница Усје, градежната
оператива, увозниците на минерални ѓубрива и други.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy