Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОГА ДИРЕКТОРИТЕ ВЕРУВААТ ВО КОМПАНИЈАТА, А ИМА И ЗОШТО – еве со колку акции се стекнаа членовите на Управниот одбор на „Алкалоид“
Економија

КОГА ДИРЕКТОРИТЕ ВЕРУВААТ ВО КОМПАНИЈАТА, А ИМА И ЗОШТО – еве со колку акции се стекнаа членовите на Управниот одбор на „Алкалоид“

10/04/2025

AA

Врвот на нашата најуспешна фармацевтска компанија „Алкалоид“ купува акции во ова акционерско друштво, а за тоа транспарентно ја известува инвеститорската заедница преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност. 

Кога членови на Управен одбор, но и другите раководни структури купуваат акции во таа компанија, тоа значи дека тие веруваат во бизнисот и во перспективите на компанијата со која управуваат. 

Преку берзата компанијата објави дека Живко Мукаетов, претседател на Управниот одбор и генерален директор на Алкалоид, се стекнал со 469 обични акции издадени од компанијата, со што поседува вкупно 130.500 или 9,12 отсто од вкупниот број акции во тоа акционерско друштво. 

Исто така, членот на Управниот Одбор, Ѓорѓи Јованов, се стекнал со 200 обични акции, потоа уште еден член на УО, Ќире Ицев, купил исто толку акции, а со 200 акции на оваа успешна компанија се стекнал и членот на УО, Виктор Стојчевски. Додека, пак, членката на УО Оливера Панева, се стекнала со 100 обични акции издадени од Алкалоид.

Овие членови на УО и претходно имаат купено одредени количини акции на компанијата.

Акцијата на „Алкалоид“ повторно бележи нагорни трендови во последниве денови, по намалувањето кое беше одлика за акциите на сите компании, а како последица на падот на светските берзи.

Вчера акцијата на оваа наша најголема фармацевтска компанија затвори на 26.502 денари, што беше раст за 0,88 отсто во однос на еден ден претходно. 

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АДВОКАТОТ СТАФА НЕГИРА ДЕКА ДАЛ ПОТКУП НА СУДИЈАТА ЃОКО РИСТОВ

06/10/2026
Македонија

ГРУБИ НУДИ 335.707 ЕВРА ГАРАНЦИЈА ЗА ДА МУ СЕ ВРАТИ

06/10/2026
Македонија

ВРЕМЕНО СЕ ЗАПИРА ВАКЦИНАЦИЈАТА СО БСЖ Користиме иста бугарска вакцина

06/10/2026
Македонија

НАД 4.500 ЛАЖНИ КОРИСНИЦИ ОТКРИЕНИ ВО СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ Околу 25

06/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ ОД БУГАРИЈА ОЧЕКУВА ДИЈАЛОГ НА КОЊОПОЈ Софија сè уште

06/10/2026
Македонија

МАЖ ПРЕГАЗЕН И ОСТАВЕН МРТОВ НА АВТОПАТ Полицијата го бара

06/10/2026
Македонија

ПРОИЗВОДСТВОТО НА ВАКЦИНИ ПРОТИВ ГРИП ВО СВЕТОТ БИЛО ОДЛОЖЕНО Македонија

06/10/2026
Македонија

ПЕНЗИСКИОТ ДЕФИЦИТ ЌЕ РАСТЕ, ФАЛАТ 500 МИЛИОНИ ЕВРА Фискалниот совет

05/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46002
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АДВОКАТОТ СТАФА НЕГИРА ДЕКА ДАЛ ПОТКУП НА СУДИЈАТА ЃОКО РИСТОВ Тврди дека обвинителка го принудила

06/10/2026

Осудениот адвокат Фехми Стафа, кој сведочеше на предлог на одбраната во судскиот процес против апелацискиот судија Ѓоко Ристов, денеска пред

ГРУБИ НУДИ 335.707 ЕВРА ГАРАНЦИЈА ЗА ДА МУ СЕ ВРАТИ ПАСОШОТ Куќниот притвор му истекува

06/10/2026

Второобвинетиот во предметот „Државна лотарија“, поранешниот вицепремиер Артан Груби понудил гаранција од недвижен имот во вредност од 335.707 евра, за

ВРЕМЕНО СЕ ЗАПИРА ВАКЦИНАЦИЈАТА СО БСЖ Користиме иста бугарска вакцина како и Хрватска

06/10/2026

Во однос на информациите од хрватските медиуми за несакани реакции од вакцина БСЖ, веднаш заседаваше Комисијата за имунизација во рамки

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy