Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кое државното економско чудо иако нема имотни листови од закуп заработи 71,5 милиони евра?
Економија

Кое државното економско чудо иако нема имотни листови од закуп заработи 71,5 милиони евра?

10/01/2024

AA

МЕПСО е систем-оператор кој управува со целата електропреносна мрежа во Македонија. Со систем-операторите на четири соседни земји организира аукции за закуп на капацитети за пренос на струја. Од тој бизнис на трговците со струја во 2022 година им наплатил 71,5 милиони евра! Од нив чисти му останале околу 45 милиони евра… Евала МЕПСО!

Верувале или не во Македонија има државна фирма во една година направила  71,5 милиони евра приход од издавање под закуп. И најинтересно е тоа што таа фирма нема никаква врска со издавање недвижен имот, а за најголем дел од имотот што го давала под закуп нема комплетни имотни листови, покажуваат официјалните податоци од независната ревизија на финансиските резултати на МЕПСО за 2022 година.

Најголемиот државен закупувач е државниот електроенергетски монопол МЕПСО – акционерско друштво кое управува со целата високонапонска далекуводна мрежа. Во таа мрежа влегуваат и далекуводните со кои нашиот електроенергетски систем е поврзан со Бугарија, Грција, Србија и Косово. МЕПСО организира аукции за закуп на преносен капацитет на далекуводите. На аукциите лицитираат трговци за струја кои продаваат електрична енергија во земјите од регионот. Тој закуп на капацитети им е неопходен на трговците за да ја пренесат електричната енергија од една во друга земја.

Токму тие аукции кои МЕПСО ги организира заедно со соседните електроенергетски систем-оператори во 2022 година му донеле приход од 71,5 милиони евра. А тоа е 35,5 отсто од целиот приход што компанијата го остварила во една од најуспешните години од своето работење. Од тие 71,5 милиони евра по раскусурувањето со систем-оераторите на соседните држави чист односно нето приход му останале речиси 45 милиони евра! Евала МЕПСО…

МЕПСО има приход и од основната дејност, а таа е пренос на електрична енергија низ далекуводната мрежа. За таа дејност тарифата му ја утврдува државата преку Регулаторната комисија за енергетика. Во 2022 година од основната дејност МЕПСО инкасирал неполни 36 милиони евра приход, а тоа е само половина од приходот што го прави од закуп на прекугранични далекуводни капацитети.

Анализата на финансиските податоци покажува дека најголем „трновер“ на пари МЕПСО во 2022 година направил од основната дејност, а тоа е управување со електроенергетскиот систем. А тоа вклучува: регулација, системски услуги, закуп на капацитети, услуги за балансирање, конпензација со соседните системи и ИЦТ механизам кој пресметува транзит на електрична енергија низ нашиот систем. Од сите овие сегменти на основната дејност системски услуги МЕПСО во 2022 година приходувал вкупно 90,5 милиони евра. Но имал и трошоци за целиот сет на системски услуги. За нив платил 100 милиони евра според годишниот извештај на компанијата за 2022 година. Тие услуги му ги дал и наплатил поголемиот државен брат ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ).

Вкупните расходи на МЕПСО во 2022 година достигнале 179 милиони евра. Тука по сетот трошоци за системски услуги најголема ставка е купената струја за покривање на техничката загуба на преносната мрежа за што на ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) плати 26,7 милиони евра.

Поголеми во структурата трошоци се 25,9 милиони евра исплатени на соседните систем-оператори по основ на аукциите за закуп на далекуводни капацитети, 8 милиони евра за плати на 605 вработени и 3,7 милиони евра за судски трошоци повторно кон ЕСМ.

Сума сумарум МЕПСО благодарејќи на екстра приходите од закуп на далекуводни капацитети годината ја заврши со добивка од 20 милиони евра.

Р.Ф.

foto freepik.com/roman-

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy