Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЕ ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ДОЛЖИ ДЕВЕТ МИЛИОНИ ЕВРА, А ЌЕ ВРАБОТУВА – за помошник директор се нудат 40 илјади денари
Економија

КОЕ ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ДОЛЖИ ДЕВЕТ МИЛИОНИ ЕВРА, А ЌЕ ВРАБОТУВА – за помошник директор се нудат 40 илјади денари

21/02/2023

AA

Кумановскиот Водовод должи близу девет милиони евра, и речиси секогаш е на листата на 10 најголеми борчлии
во државава, но тоа за ова јавно комунално претпријатие не е пречка да
реализира осум нови вработувања. Меѓу нив бара и помошник директор, кој ќе зема
стартна плата од 40 илјади денари.

Од огласот кој го
ртаспишала Агенцијата за администрација може да се види дека станува збор за
административен кадар, од помошник директор, преку благајник, па до советници и
соработници, но и референти, со плати кои за нив се нудат од над 21 илјада, па
до 40 илјади денари.

Според податоците на Министерството за
финансии објавени за крајот на минатата година, ЈП Водовод Куманово е точно
десетти должник на листата на државни најголеми борчлии. Практично, ЈП водовод
Куманово има доспеани а неплатени обврски од 544,8 милиони денари или 8,9
милиони евра. Тоа е прилично голема сума на задолженост за едно локално јавно
претпријатие, кое со години наназад е на листата на неславни лидери по
наталожен долг, каде речиси редовно влегуваат МЖ Транспорт и МЖ Инфраструктура,
потоа Национални енергетски ресурси, уште неколку општини и јавни
претпријатија, како и една јавна здравствена установа.

Најатрактивната работна позиција што ја
нуди ЈП Водовод е п
омошник директор, за кого се нуди плата
од 40 илјади денари. Оние што ќе се пријават треба да имаат н
иво на квалификациите
VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати
според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на правни науки,
и треба да имаат најмалку шест години работно искуство во струката, од кои најмалку две
на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку 10 години работно
искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во
приватен сектор За него се бара, согласно
годишниот план на институцијата, да биде Македонец или Македонка, а точниот
износ на неговата плата ќе биде
39.463 денари.

Потоа, вториот извршител што се бара е референт – благајник, кој
треба да има
ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според
Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ
или МКСОО или најмалку вишо или средно образование, гимназија, економија,
како и најмалку една година
работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде 21.650 денари,
а на ова место треба да се вработи Албанец или Албанка, согласно годишниот план
на институцијата според етничкиот состав.

Се бара и помлад соработник за
човечки ресурси,
кој треба да има високо образование од
областа на
правни и организациони науки или управување односно менаџмент
од областа на економски
науки. Тој може но и не мора да има работно искуство во
струката, а ќе зема плата од близу 30 илјади
денари. Ова мерсто е резервирано за Македонец според етничката припадност.

Кумановскиот
водовод сака да вработи и п
омлад соработник за координација и организација, кој
исто треба да биде економист или правник,
со или без работно искуство во струката.
Неговата плата ќе биде нецели 29 илјади денари, а согласно годишниот
план на институцијата предвидено е овој кадар да биде Албанец. Отворено
е и работно место за соработник за јавни набавки,
кој треба да биде високообразован економист или информатичар, а ќе зема плата
од 30.000 денари, а според националност треба да биде Македонец.

Уште
ќе се прима и референт за наплата, кој
може да биде и со вишо или средно образование, со една година искуство, и ќе
има не премногу атрактивна плата од
21.650 денари. Ќе се вработи и соработник –
сметководител,
со плата од 30 илјади денари, како и референт – архивар, за
21.650 денари,

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy