Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Коциќ: СДСМ е единствената политичка опција која може да ја внесе Македонија во ЕУ до 2030 година
Македонија

Коциќ: СДСМ е единствената политичка опција која може да ја внесе Македонија во ЕУ до 2030 година

14/02/2024

AA

Парламентарните избори се распишаа, очекуваме дека Македонија ќе го продолжи патот кон евроинтеграциите. Граѓаните од сите националности нема да дозволат да бидеме опструирани во нашите европски интеграции, оваа држава и по изборите на 8 мај ќе се развива како нормална европска демократија, истакна пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ, во дебатната емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Коциќ додаде дека на сите им е јасно дека СДСМ и коалицијата се единствената политичка опција која може да ја внесе Македонија во ЕУ до 2030 година, за разлика од ДПМНЕ и нивните привезоци, кои на секој начин изминативе децении гледаат да се случи нешто друго.

Во врска со проблемите на граѓаните кои настанаа околу возачките дозволи, Коциќ рече дека проблемот беше намерно инсцениран од партијата којашто како опозиција влезе во техничката влада.

Ние имаме 2021 година донесено закон, којшто предвидуваше замена на возачките дозволи и книшки до 12.02.2024 година, меѓутоа најавите на претсетателот Ковачевски и на поранешниот министер за внатрешни работи Спасовски беа дека нема да има казнување за граѓаните коишто не ги смениле. Иста изјава имаше и сегашниот технички министер од ДПМНЕ на 06.02, кој кажа дека граѓаните нема да бидат казнувани, за после неколку дена да даде една друга теза дека граѓаните ќе бидат казнувани доколку немаат промена на возачките дозволи, што создаде немир и еден вид на хаос во општеството, истакна Коциќ.

Пратеникот Коциќ нагласи дека тие што седум години се удираа во гради дека никогаш нема да признаат Северна Македонија, први се закануваат со казни кон граѓаните кои што не ги смениле документите.

Немаше потреба да се плашат граѓаните, зашто очигледно мноу лесно се најде решение на проблемот со измена на законот, нагласи пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy