Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кочани се буди: Време е за нов почеток со чест, љубов и одговорност
Македонија

Кочани се буди: Време е за нов почеток со чест, љубов и одговорност

22/04/2025

AA

Граѓанската иницијатива „Кочани“ повикува на обединување, заедништво и изградба на поинакво, посовесно и почитувано општество. 

Тие апелираат да се изгради Кочани одново со почит и љубов кон сите загинати и повредени.

Како што велат, тоа им го должат.

„Децении наназад не учеа да молчиме. Да слушаме. Да веруваме. Не во себе, туку во партиите. Ни зборуваа дека тие знаат што е најдобро за нас. Ни ветија иднина, па ни ја одзедоа сегашноста. И додека тие се менуваа на функциите, ние останувавме исти разделени, апатични, разочарани. А најстрашно од се: почнавме да веруваме дека така треба да биде.

Системот што не уби не е само политика. Тоа е начинот на кој живееме, начинот на кој прифаќаме, начинот на кој молчиме. Тоа сме ние кога премолчуваме неправда, кога гледаме само партија, а не човек, кога прифаќаме дека на функција треба да биде „некој наш“, наместо некој способен. Овој трул систем живее преку нас. И само ние можеме да го срушиме.

Не постојат добри партии. Постојат добри луѓе. А добрите луѓе мора конечно да престанат да чекаат. Зашто колку повеќе молчиме, толку повеќе умира Кочани.

Трагедијата што ни ги одзеде 62 млади животи не направи разлика меѓу „нашите“ и „нивните“. Смртта не праша кој за кого гласал. Злото не го познава партискиот билтен. И токму затоа, оваа болка мора да не обедини. Ако не сега кога?

Овие деца беа нашите деца. На градот. На улиците низ кои оделе, парковите во кои се смееле, училиштата во кои сонуваа. И сега, наш е долгот да не дозволиме да бидат заборавени. Љубовта кон нив и споменот за нив треба да го негуваме сите заеднички. Со дела. Со грижа за нивната генерација, за секое дете што расте во овој град. Да им создадеме безбедна и вредна иднина затоа што така се чува спомен, така се враќа достоинство.

Кочани нема да го спаси ниту еден градоначалник сам. Но имаме можност првпат по долго време со човек кој не е залепен за никаква политичка позадина, со млад и борбен независен градоначалник кој искрено сака подобро. Тоа е шанса. Но ни тој не може сам. Му треба нашата поддршка не со слепа послушност, туку со активна, искрена, граѓанска енергија. Да му помогнеме, не затоа што ни кажала партијата, туку затоа што го чувствуваме како еден од нас. Затоа што Кочани му припаѓа на граѓаните а не на партиските штабови.

И мора веднаш да почнеме. Секоја зграда, секое маало може да стане пример. Да се поврземе меѓу себе не за политика, туку за дела. Да се создадат иницијативи по маала, да се организираат заеднички акции: чистење на запуштени површини, обновување на клупи, детски игралишта, средување на трошни ѕидови со мурали од надеж и сеќавање. Можеме да поставиме корпи за отпад каде што недостасуваат, да иницираме поставување лежечки полицајци кај што е опасно, да обезбедиме видливост на пешачките премини. Малку по малку, чекор по чекор да си го земеме градот назад.

Да, ќе речат има институции за тоа. И точно е, треба да има. Но не смееме да се лажеме моментално, тие институции се нефункционални или бавно реагираат. Затоа, наместо да чекаме, ајде сите заедно да се погрижиме за она што можеме: за чистотата, за отпадот, за редот во нашите маала, улици, паркови. Тоа не бара политичка моќ, туку совест и волја. А градоначалникот, кој е независен и искрено посветен, нека ја води борбата за крупните проекти но со наша поддршка. Секој со својот дел. Така се гради град со заедништво.

Да се покренат граѓански собири на отворено, каде секој ќе може да предложи идеја. Да се создадат мрежи на маалски координатори што ќе комуницираат со општината. Ако институциите не се движат доволно брзо ние ќе ги турнеме напред.

Да се активираат средношколци и млади за волонтерски акции за солидарност, за почит, за живот. Да се создаде колективна свест дека градот е наш и од нас зависи. Да не чекаме да дојде некој да ни ги реши проблем. Ние сме тие. Ние сме промената.

Да изградиме култура на грижа. Да се откажеме од навиките што не чинат. Да престанеме да фрламе ѓубре, да паркираме по тротоари, да се однесуваме како градот да е туѓ. Не е туѓ. Наш е. И ќе биде таков каков што ќе го направиме.

Партиите нема да ни го вратат достоинството. Ни треба нова политичка култура, нова свест, нова енергија. Онаа што ќе не научи да мислиме, да делуваме, да не се плашиме. Зашто вистинскиот систем сме ние. И од нас почнува крајот на старата приказна и почетокот на новата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy