Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кочанчанецот кој изврши обид за убиство и побегна уапсен на Табановце
Магазин

Кочанчанецот кој изврши обид за убиство и побегна уапсен на Табановце

15/09/2024

AA

Кочачанецот кој вчера изврши обид за убиство и побегна од местото на настанот бил лишен од слобода на граничниот премин „Табановце“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– На 14.09.2024 во 06.30 часот на Граничен премин Табановце М.Н. бил лишен од слобода од страна на полициски службеници, постапувајќи по претходна пријава од В.А. (38) од Кочани, дека на паркинг во Кочани на 13.09.2024, додека седеле во автомобилот на В.А. заради купопродажба на мобилен телефон, М.Н. извадил нож и со него го нападнал пријавителот, стои во соопштението од МВР.

Веднаш по добиената пријава, како што дополнуваат, се преземени соодветни мерки и активности и случајот е расчистен, поднесена е кривична пријава, а М.Н. е изведен пред судија на претходна постапка и му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти МВР. 

Од обвинителството во Кочани, претходно соопштија дека за 24-годишник постои основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство во обид“

Како што соопшти ОЈО, на 13 септември, во вечерните часови, осомничениот се договорил со оштетениот да се најдат на паркинг простор кај Споменикот на слободата во Кочани заради купопродажба на мобилен телефон.

Кога се сретнале на наведеното место, осомничениот влегол во возилото на оштетениот, седнал на совозачкото место и започнал да разговара со него и да го разгледува мобилниот телефон.

По кратко време, од џебот извадил нож и му задал удар во витален дел од телото во пределот на главата и вратот  под брадата, нанесувајќи му отворена рана од околу 2-3 см. Ножот се скршил, а осомничениот продолжил со дршката уште неколку пати да го удира оштетениот. Нападнатиот му ја фатил раката и го спречил, по што осомничениот се извлекол од возилото и со трчање побегнал од местото на настанот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОПЛАДНЕВО ЗА ГРЦИЈА САМО ПРЕКУ ДОЈРАН Се очекува протестите да

22/12/2025
Македонија

Анита Тополова-Исајловска е нова в.д. државна јавна обвинителка

22/12/2025
Македонија

Фрчкоски до ВМРО-ДПМНЕ: Ја презедов одговорноста за минатото, борбата сега

22/12/2025
Македонија

Скопје диши почист воздух: Утрово сме на 57-то место по

22/12/2025
Македонија

АМБАСАДОРКАТА АГЕЛЕР ЗАМИНУВА ОД МАКЕДОНИЈА Трамп менува 30 амбасадори вклучително

22/12/2025
Македонија

„Чистка“ во Стејт Департментот: Трамп повлекува 30 кариерни амбасадори –

22/12/2025
Македонија

Празен трон во Обвинителството: Денес се бира наследникот на Коцевски

22/12/2025
Македонија

Маглата се повлече од скопскиот аеродром, видливоста скокна на 3

22/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 39282
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОПЛАДНЕВО ЗА ГРЦИЈА САМО ПРЕКУ ДОЈРАН Се очекува протестите да олабават од утре натаму

22/12/2025

Денеска од 17 часот (по македонско време) грчките гранични премини Евзони и Ники кон нашата земја, ќе бидат затворени на

Анита Тополова-Исајловска е нова в.д. државна јавна обвинителка

22/12/2025

Советот на јавни обвинители денеска едногласно ја избра Анита Тополова-Исајловска за вршител на должноста (в.д.) државен јавен обвинител. Според информациите,

Фрчкоски до ВМРО-ДПМНЕ: Ја презедов одговорноста за минатото, борбата сега започна и нема да застане

22/12/2025

Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ, денеска излезе со вонредна прес конференција во која им порача на ВМРО-ДПМНЕ

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy