
Кочан ладно вечерва во Македонија, минималната до -15 степени!
Минусни температури вечерва низ Македонија. А такви се најаввуваат и за во текот на утрешниот ден.
Сончево и многу студено, во западните делови со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми насекаде, а во текот на ноќта во северозападните делови ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб ветер, претпладне од северен, а попладне претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -15 до -5, а максималната ќе достигне од -1 до 7 степени.
Во Скопје сончево и многу студено со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -10, а максималната ќе достигне 3 степени.
