
Коцевски: Од 2020 до 2025, директорот на ДПИ и тројца инспектори во ниту еден наврат не извршиле контрола во дискотеката во Кочани!
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски на прес конференција откри дека екс директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), и три службени лица инспектори, иако биле должни да вршат инспекциски надзор, не ги извршиле своите службени должности.
„Во периодот од 09.01.2020 година до 16.03.2025 година во ниту еден наврат не извршиле контрола над работењето на правното лице за да утврдат дали има важечка лиценца, дали ги исполнува пријавените минимално-технички услови наведени во барањето за Лиценца за вршење на угостителска дејност – кабаре, и другите пропишани услови согласно закон, со што овозможиле Кабарето ПУЛС незаконито да продолжи со вршење на угостителска дејност“, вели Коцевски.