Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Коце Трајановски: Инсистиравме на промена на дел од раководството на „Штрабаг“ за побргу да го завршиме патот
Економија

Коце Трајановски: Инсистиравме на промена на дел од раководството на „Штрабаг“ за побргу да го завршиме патот

10/01/2025

AA

Коце Трајановски, директорот на „Државни патишта“ во поткастот „Бизнис муабети“ вели дека повеже фактори влијаеле на тоа побругу да се заврши експресниот пат Крива Паланка – Страцин од 25 километри и да биде пуштен во употреба минатата недела, а меѓудругото требало да биде променето и дел од раководството на изведувачот.

– Го сменивме надзорот, променивме дел од менаџментот. Инсистиравме на промена на дел од менаџментот на Штрабаг. Се ставија луѓе кои што сакаат да работат, кои што можат и знаат да работат. И со еден благ притисок во организацијата, успеавме да го завршиме безмалку за Нова година, со два три дена задоцнување, рече Трајановски.

Првиот човек на јавното претпријатие за државни патишта вели дека во рехабилитацијата на магистралните и регионалните патишта сега се користи за 30 отсто поскап асфалт, но вели дека затоа пак делниците остануваат рамни.

– Секаде каде и да одам сакам да воведам некоја новина. Имено, за прв пат воведувам асфалтирање со Сплит Мастикс. Тој е еден вид на асфалт кој што е многу поквалитетен од обичнот. Поскап е за 30 отсто. Когакако градоначалник ја асфалтиравме Партизанска беше мазна како масава, но по некое време се појавија бразди. Ги викнав сите градежни компании за да ми предложат решение. Тие ми предложија „Сплит Мастикс“. Тие асфалти го прават патот погруб, но носивоста е многу поголема. Потоа реков дека одсега стандард ќе биде „Сплит Мастикс“, рече Трајановски.

Директорот на ЈПДП сепак вели дека има голема разлика во функциите да се води Град Скопје од една и „Државни патишта“ од друга страна.

– Прва разлика е во тимот, луѓето околу тебе кои ги создаваш.Под два, Град Скопје има широка проблематика. Само еден дел му е инфраструктура. Овде правиш патишта од висок ранг кои се државни патишта, коментира Трајановски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy