
Кој зема најниски плати во Македонија?
Како што деновиве објави Државниот завод за статистика (ДЗС), најниската просечна нето-плата ја земаат вработените во секторот Заштитни и
истражни дејности – 18.800 денари.
Потоа следи секторот Услуги поврзани со одржување на згради и
дејности на уредување и одржување на животна средина и природа – 23.197 денари, па
Производство на кожа и слични производи од кожа – 23.787 денари, Рибарство и
аквакултура – 24.652 денари и Производство на облека – 25.317 денари.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни годинава изнесува 36.527
денари.
foto freepik.com/user31875352