Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кој во Македонија зема месечна плата од 146 илјади евра? Може секој месец да купува по два стана во Скопје
Македонија

Кој во Македонија зема месечна плата од 146 илјади евра? Може секој месец да купува по два стана во Скопје

23/03/2023

AA

Вестите за најголемите приходи што се пријавуваат во Управата за јавни приходи и што оваа институција секоја година ги споделува, секоја година предизвикуваат големо внимание кај јавноста. Она што во текот на март го соопшти директорката на УЈП, Сања Лукаревска, е дека највисоката годишна бруто-плата во 2021 година е исплатена на граѓанин од Скопје.

Платата е остварена во дејноста трговија на големо со производи од тутун и на годишно ниво изнесува 122,3 милиони денари (околу 2 милиони евра). Ова значи дека месечниот износ на бруто-платата е 10,2 милиони денари, или околу 166.000 евра. Од овој износ е одбиен данокот од 10 проценти, како и придонесот за пензиско и здравствено осигурување кој не се плаќа на целиот износ, туку највисока основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување во 2021 година е 658.256 денари.

Така, и по сите овие одбитоци, според пресметката на порталот Пари, некој од тутунскиот сектор, имал нето-плата од 9 милиони денари, или околу 146.000 евра. Притоа, за пензиско и здравствено осигурување, како и за другите придонеси (во случај на невработеност и во случај на професионално заболување) платил 184.311 денари, или речиси 3.000 евра, додека данок на личен доход платил околу еден милион денари, или над 16.000 евра.

Во „потрага“ по компанијата која некому му донела ваков приход од работен однос во 2021 година (за минатата година резултатите ќе се објават во март 2024 година), порталот Пари во соработка со Бизнис мрежа, ги открива податоците за компаниите со дејност трговија на големо со производи од тутун со најголеми просечни плати, но ќе ги разгледаме и оние со најголеми добивки и најголеми приходи. Под лупа ги ставаме и компаниите кои произведуваат тутун, а кои, истовремено, мора да имаат регистрирано и дејност трговија, затоа што произведеното мора да го продадат. Сепак, потсетуваме дека според извештајот од УЈП е потенцирана дејноста трговија со производи од тутун… Секако, потенцираме и дека ова истражување не дава стопроцентен одговор на прашањето: Кој земал плата од 146.000 евра во фирма за трговија на големо со производи од тутун?

Компании со дејност трговија на големо со производи од тутун со најголеми просечни плати во 2021 година

КОМПАНИЈА БРОЈ НА ВРАБОТЕНИ ПРОСЕЧНА ПЛАТА
ПРИМА.МК ДОО експорт-импорт Скопје 81 136.397
ФИЛИП МОРИС ТУТУНСКИ КОМБИНАТ ПРИЛЕП ДОО Скопје 40 96.699
ТДР СКОПЈЕ ДООЕЛ Скопје 10 69.063
ЕКСПАНДА ДООЕЛ увоз-извоз Скопје 140 46.551
Империал тобако ТКС АД ‒ Скопје 132 52.231
Еуро Табак 151 34.410

ШТО КАЖУВА ЛОГИКАТА?

Бројките можат да го откријат потенцијалниот добитник на платата. Според регулативата, Управата за јавни приходи е обврзана на даночна тајна и не може да го каже името на скопјанецот кој во 2021 година на име плати земал 122,3 милиони денари. Но, еве што кажува „играта“ со бројки.

На прво место по висина на просечна плата е „Прима.МК“ ДООЕЛ. За „обичниот“ човек ова име и не е многу познато во јавноста. Обично, тутунскиот бизнис се врзува со Прилепскиот комбинат, сега во рацете на „Филип Морис“, или со некогашниот Скопски монопол, сега Империал тобако ТКС – Скопје. Но, сепак, Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп ДОО Скопје е на второ место по просечните плати, а Империал тобако ТКС – Скопје се води со дејност производство на тутунски производи, кои, пак, се дистрибуираат преку „Еуро Табак“, кој покрај цигарите, дистрибуира и други производи.

ПРИМА.МК е дел од интернационалната корпорација ПРИМА ГРУП,
специјализирана за увоз и дистрибуција на водечки тутунски производи. Таа во Македонија, во 2021 година имала 81 вработен со просечна плата од 136.397 денари. Или, вкупниот исплатен месечен фонд на плати бил речиси 180.000 евра. Ако еден човек земал нето-плата од 146.000 евра за другите 80 остануваат во просек по 425 евра нето-износ.

ФИЛИП МОРИС ТУТУНСКИ КОМБИНАТ ПРИЛЕП ДОО Скопје е партнер на производниот погон во Прилеп, но има и дејност трговија со производи од тутун. Таму просечната плата била 96.699 денари, а имало 40 вработени, што значи дека вкупниот фонд за плати изнесувал помалку од 63.000 евра. Таму плата од 146.000 евра дефинитивно не се вклопува.

ТДР СКОПЈЕ е дел од фамилијата „Бритиш Американ тобако“. Таму просечната плата е 69.063 денари, има 10 вработени, или вкупниот месечен фонд за плати е 690.063 денари, или околу 11.000 евра. Таму плата од 146.000 евра дефинитивно не се вклопува.

ЕКСПАНДА во 2014 година потпиша договор со ФИЛИП МОРИС ТУТУНСКИ КОМБИНАТ ПРИЛЕП, но компанијата дистрибуира и производи на телекомуникациската А1, а има договор и со Ред бул, како и со Државната лотарија. Просечна плата во компанијата во 2021 година била 46.551 денар, а имало 140 вработени, или вкупно на месечно ниво за плати биле одделени безмалку 106.000 евра. Таму плата од 146.000 евра дефинитивно не се вклопува.

Империал тобако ТКС АД – Скопје, односно скопскиот тутунски комбинат, кој произведувал цигари и во поранешна Југославија, како што кажува и самото име, сега е дел од светската тутунска империја Империал тобако, чија, пак, матична компанија е Империјал брендс, со седиште во Бристол во Обединетото Кралство. Во македонската компанија има 132 вработени со просечна плата во 2021 година од 52.231 денари. Значи, масата на пари за нето-плати е 112.000 евра. Таму плата од 146.000 евра дефинитивно не се вклопува.

Еуро Табак е дистрибутер на многу производи, а еден од партнерите е и Империјал тобако за продажба на цигари. Компанијата во 2021 година имала 151 вработен со плата од 34.410 денари. Значи, платите на сите вработени биле безмалку 85.000 евра месечно. Таму плата од 146.000 евра дефинитивно не се вклопува.

КАКВИ ПРИХОДИ И ДОБИВКИ НАПРАВИЈА ТУТУНСКИТЕ КОМПАНИИ ВО КРИЗНАТА 2021 ГОДИНА?

Податоците покажуваат дека Прима.МК не е компанијата ниту со најголема добивка, ниту со најголеми приходи. По добивка најмногу се реализирала Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп (5,8 милиони евра), а по приход Експанда (над 90 милиони евра), но потсетуваме уште еднаш дека трговијата со тутун ѝ е само еден сегмент, исто како и на Еуро Табак.

Приходи и добивки во 2021 година на тутунските компании

(рангирање по добивките, износ во евра)

КОМПАНИЈА ДОБИВКА ПРИХОД
ФИЛИП МОРИС ТУТУНСКИ КОМБИНАТ ПРИЛЕП ДОО Скопје 5,8 милиони 29,8 милиони
ИМПЕРИАЛ ТОБАКО ТКС АД ‒ СКОПЈЕ 1,3 милиони 27,3 милиони
ТДР ‒ Скопје 147.000 41,4 милиони
ПРИМА.МК ‒ Скопје 60.000 40 милиони

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ДА СЕ ЗАШТИТИ ОД ИРАЦИОНАЛНИ ОПСТРУКЦИИ Претседателката Сиљановска-Давкова

23/09/2026
Македонија

ИМАМЕ ЦВРСТИ ОДНОСИ СО САД КОИ НЕ ПРЕПОЗНАВААТ КАКО КЛУЧЕН

23/09/2026
Македонија

ОСТАНУВААТ ПРАВИЛАТА ЗА ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ ФИНАНСИРАНО ОД ДРЖАВАТА Уставниот суд

23/09/2026
Македонија

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ИЗВАДИЛ ПОТВРДА ОД ЛЕКАР-ДОНАТОР НА СДСМ Манасиевски за

23/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ПЛЕНКОВИЌ ВО ЊУЈОРК Во фокусот – европската перспектива, регионалната

23/09/2026
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ НЕКОЛКУ ДЕНА СПИЕЛЕ НА НИВА ЗА ДА ГИ ФАТАТ

23/09/2026
Македонија

ТУРИСТКА ОД ГЕРМАНИЈА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ОХРИДСКИ ХОТЕЛ Наредена е

23/09/2026
Македонија

БЕЗ СОПСТВЕНИ ВИ-МОДЕЛИ И ДАТА-ЦЕНТРИ МАКЕДОНИЈА РИЗИКУВА ДА СТАНЕ ДИГИТАЛНА

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45760
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ДА СЕ ЗАШТИТИ ОД ИРАЦИОНАЛНИ ОПСТРУКЦИИ Претседателката Сиљановска-Давкова го прими известувачот Томас Вајц

23/09/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими европратеникот и постојан известувач на Европскиот парламент за земјава, Томас Вајц, придружуван од шефот

ИМАМЕ ЦВРСТИ ОДНОСИ СО САД КОИ НЕ ПРЕПОЗНАВААТ КАКО КЛУЧЕН ПАРТНЕР Министерот Муцунски за впечатоците

23/09/2026

Во периодот од формирањето на новата администрација на претседателот Трамп, ние имаме засилени односи и постојана комуникација на сите нивоа

ОСТАНУВААТ ПРАВИЛАТА ЗА ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ ФИНАНСИРАНО ОД ДРЖАВАТА Уставниот суд со 5:3 гласа ја отфрли

23/09/2026

Уставниот суд денеска не поведе постапка по иницијативата на Левица со која беа оспорени одредби од Изборниот законик поврзани со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy