Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЈ ВО ЕУ ИМА НАЈЕВТИНИ, А КОЈ НАЈСКАПИ ПРОИЗВОДИ:  Британија има најскапа тоалетна, Италија скапа туна, Шпанија евтин ориз, а Германија најевтин јогурт
Економија

КОЈ ВО ЕУ ИМА НАЈЕВТИНИ, А КОЈ НАЈСКАПИ ПРОИЗВОДИ: Британија има најскапа тоалетна, Италија скапа туна, Шпанија евтин ориз, а Германија најевтин јогурт

14/06/2023

AA

Цените на тоалетната хартија, путерот и кечапот се повисоки во Велика Британија во споредба со некои од нивните најблиски соседи во Европската унија, покажа истражувањето спроведено од британскиот јавен сервис Би-би-си.

Од друга страна, пелените и замрзнатата пица се најевтини во оваа земја. Новинарите на Би-Би-Си ги споредија цените на 23 производи, како за јадење, така и за секојдневна употреба, во Франција, Германија, Обединетото Кралство, Италија, Шпанија и Холандија.

Што покажа „истрагата“? Германија се покажа како најевтина земја, а Франција има највисоки цени.

Потрошувачите во Велика Британија платиле 3,80 фунти (околу 4,45 евра) за тоалетна хартија, додека истото пакување чини 2,66 фунти (околу 3,10 евра) во Италија, а 2,87 (околу 3,35 евра) во Германија.

Лименка туна чини 1,62 фунти (околу 1,89 евра), додека во Италија цената се искачува до 3,15 фунти (околу 3,70 евра), а во Шпанија е нешто пониска – 2,51 фунти (околу 3 евра).

Истражувањето покажало и дека производите како лебот, јајцата и маслото се изненадувачки поевтини во Велика Британија во споредба со земјите од Европската унија.

Сепак, Британците се справуваат со висока инфлација, која го стега обрачот околу нивната потрошувачка кошница. Поточно, вкупната цена на храната и натаму останува 19 пати повисока од пред една година.

Една неодамнешна студија на Oxford Economics покажа дека трошоците за храна во Велика Британија се околу 7 отсто под просекот на ЕУ.

Експертите велат дека е многу тешко да се споредат цените на храната во различни земји бидејќи тие зависат од голем број фактори, како што се увозот и политиката.

На пример, оризот е најевтин во Велика Британија и Шпанија, односно чини 1,26 фунти (околу 1,50 евра), додека најскап е во Италија, односно чини 2,21 фунти (околу 2,60 евра).

Јогуртот е најевтин во Германија и чини 72 пени (околу 80 центи), додека во Франција чини речиси 2 фунти (околу 2,35 евра).

Повторно, во Германија шеќерот е најевтин со цена од 1,02 фунти (околу 1,20 евра).

Деталните истражувања покажуваат дека пазарот на храна во Велика Британија е на трето место кога станува збор за достапност, односно е сличен на цените на италијанскиот, шпанскиот и холандскиот пазар. 

Телеграф.рс

ФОТО: Машки магазин

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy