Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кој скопски хотелиер од дивиденди и камати заработи 1,1 милиони евра?
Економија

Кој скопски хотелиер од дивиденди и камати заработи 1,1 милиони евра?

29/02/2024

AA

„Македонијатурист“ од основната дејност хотелирство лани остварила оперативна добивка од 714.00 евра. Но тоа не е се! Од дивиденди и камати на своите вложувања во хартии од вредност вредни 20 милиони евра оваа компанија ја наѕида добивката за 2023 година до износ од 1,58 милиони евра

„Македонијатурист“ се враќа на старите патеки и тоа ќе ги израдува нејзините мали акционери, покажуваат најновите бројки од финансиските извештаи за 2023 година кои најголемата скопска хотелиерска компанија ги објави на берзата.

Приходите од продажба на хотелиерски и угостителски услуги лани достигнале 5,55 милиони евра и се зголемени за 32 отсто во однос на претходната година. Од податоците кои се достапни се гледа дека индикатор кој експлицитно укажува на јак раст на продуктивноста изразен преку раст на продажба во однос на фиксните трошоци.

Имено, при раст на продабата од 32 отсто трошоците на компанија пораснале за само 4 отсто. И тоа е специфика на хотелиерската индустрија за која златно правило е синтагмата „најскап кревет е празниот кревет“.

Оперативните трошоци на “Македонијатурист“ лани изнесувале 4,9 милиони евра, а најголем меѓу нив е трошокот за вработени кој изнесува 1,58 милиони евра и во однос на претходната година е зголемен за 16 отсто.

Оперативната добивка на „Македонијатурист“ лани е 714.000 евра и тоа е неспоредливо подобар резултат од претходната година кога компанијата заврши со загуба од оперативното работење од 427.000 евра. Значи „Македонијатурист“ се враќа на патеките на профитабилност од основната дејност што е важно и охрабрувачко за акционерите. А особено ако се знае дека компанијата во целост го обнови и реновираше „Холидеј Ин“ најпрепрезентативниот од нејзините четири хотели кои угостуваат гости во Скопје.

И сега џокерот на “Македонијатурист“!

Сите кои разбираат инвестирање во хартии од вредност и вложувања се сложуваат дека „Македонијатурист“ од македонските компании е најдобра или една од најдобрите според тоа какво инвестициско портфолио има.

Фактите го потврдуваат тоа. Лани „Македонијатурист“ од своите вложувања во акции и инвестиции во депозити и други инструменти има финансиски прилив од дивидени и камати вреден 1,1 милиони евра. И приносот е за 13 отсто повисок од 2022 година.

Тоа е 5 отсто принос на нејзините вложувања во хартии од вредност кои според паричниот тек лани вределе 20,1 милиони евра.

Нето добивката на компанијата лани изнесува 1,57 милиони евра што е за 3 пати подобро од претходната година.

И што е голем плус за сите потенцијални инвеститори оваа компанија нема ниту денар долг кон банките по основ на заеми и кредити.

Р.Ф.

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy